«

»

Jul 26 2014

Краток историски осврт на хеви металот

Најголемото богатство на човештвото е културата. Досега на блогот се пишувало за културата на различни народи и луѓе од пред повеќе стотици и повеќе илјади години кои нам ни оставиле во наследство голем број на научни сознанија, уметнички вредности и практични вештини, нешто што ние понатаму треба да го градиме. Тука се поставува и прашањето што ќе им оставиме ние во наследство на идните генерациите кои следат. Имајќи во предвид дека уметноста е најдобриот канал за изразување на нашето постоење, а на чиј врв се наоѓа музиката, се одлучив да напишам една статија посветена на, според мене, најкреативниот музички жанр на нашите генерации – хеви металот.

Металот претставува под-жанр на рок музиката и води директно потекло од т.н. хард рок, под-жанр кој на музичката сцена ќе се појави крајот на 60-те и почетокот на 70-те години од 20 век и во одредени случаи е навистина тешко да се одреди што е хард рок а што хеви метал. Голем број на хард рок бендови имале музика прилично блиска до вистински хеви метал, како  Deep Purple, AC/DC, KISS и најблиску Led Zeppelin, но креатор на вистинскиот хеви метал звук е англискиот бенд од Бирмингем – Black Sabbath.

Black Sabbath (оригинална постава – Тони Иоми (гитара), Ози Озборн (вокал), Теренс ‘Гизер’ Батлер (бас) и Бил Вард (тапани)) бил формиран како блуз-рок бенд. Еден ден, кога гитаристот Иоми планирал да даде отставка од своето работно место во металопреработувачка фирма поради претстоечка концертна тура, бил замолен од неговиот шеф, пред заминување, да замени некој отсутен работник на машина за сечење на лим. Тони прафтил, и покрај тоа што тој немал искуство со работење на таква машина. Како последица на своето неискуство, леворакиот гитарист Тони тој ден ги загубил врвовите на своите прсти на десната рака, најголема катастрофа за еден гитарист. Но, Иоми бил упорен, на прстите поставил метални врвови преврзани со кожа, но со тоа бил лимитиран во осетот и имал болки и тешкотии при свирењето на силно затегнатите жици. Поради тоа ги олабавил жиците, а како резултат добил еден потврд звук – така се роди хеви металот.

blacksabbath

Black Sabbath

Тој потврд звук го искомбинирале со окултистичка тематика на своите песни, со што го добиле својот препознатлив звук. Блек Сабат својот прв албум, самонасловениот Black Sabbath, го издадоа во 1970, а истата година следуваше и легендарниот Paranoid.

По Сабат, голем број на бендови го прифатиле хеви-метал звукот. Меѓу нив се нашол и уште еден бенд од Бирмингем, кој истотака во почетокот свирел блуз-рок – Judas Priest. Прист ќе воведе поголема енергија во металот со инкорпорирањето на две соло гитари во својата музика, а ќе го воведат и препознатливиот “металски” изглед на облека од кожа со метални додатоци.

Judas Priest

Judas Priest

Но, во средината на 70-те, натамошниот развој на хеви металот ќе биде доведен под знак прашалник со се поголемата популарност на еден нов рок жанр – панкот. Спасот на металот ќе дојде во форма на лондонскиот бенд Motorhead, формиран во 1975 година од страна на Иан Фрејзер Килмистер, попознат како Lemmy (од страна на металците нарекуван и “Бог”), по добиениот отказ од психоделичниот хард рок бенд Hawkwind. Моторхед ќе ги комбинира тврдиот звук на металот со брзината на панкот со што ќе го започне правецот Speed Metal (Брз Метал), кој ќе биде претходник на подоцнежниот под-жанр Thrash Metal. Motorhead својот самонасловен прв албум ќе го издадат во 1977 година, додека пак особено влијание врз развојот на треш металот ќе имаат албумите Overkill (1979) и Ace of Spades (1980).

Motorhead

Motorhead

Благодарение на Моторхед, металот одново се искачува на музичкиот пиедестал и започнува периодот на т.н. Нов бран на британски хеви метал (New Wave of British Heavy Metal – NWOBHM), чиј предводници ќе бидат бендовите Iron Maiden, Saxon, Girlschool и други.

Iron Maiden

Iron Maiden

Во втората половина на 70-те ќе дојде и до развој на еден нов правец наречен Power Metal, чиј корени лежат во бендот Rainbow формиран од поранешниот гитарист на Deep Purple Ричи Блекмур, а ќе стане препознатлив по вокалот на Рони Џејмс Дио, кој во музиката на бендот ќе внесе теми од фантазијата, средновековието, ориентализмот, со што ќе ги удри темелите на Power Металот. Дио подоцна ќе биде вокал и на Black Sabbath, како и на бендот со неговотo име Dio.

Рони Џејмс Дио

Рони Џејмс Дио

Power металот својот најголем развој ќе го има во средината на 80-те години во Германија, каде ќе се издигнат бендовите Grave Digger, Accept, Helloween, Blind Guardian, Running Wild и други. Во новиот милениум предводници на Power металот се бендовите како Sabaton од Шведска, Alestorm од Шкотска и други.

Но, да се вратиме на NWOBHM….

Во 1979 година во Њукасл, Англија, ќе се појави бендот кој засекогаш ќе го промени развојот на металот – Venom, кој за цел имал да биде погласен и побрз од Motorhead, поокултистички од Black Sabbath, со поголем сценски настап од KISS и со повеќе кожа и метални додатоци од Judas Priest.

Не постои бенд кој толку драстично го променил текот на еден музички правец како Venom. Групата била составен од Конрад Лант – Кронос, Џефри Дан – Мантас и Антони Бреј – Абадон, поединечно, слаби музичари, но нивната здружена работа ќе биде директниот виновник за развојот на екстремниот метал, под-жанровите Thrash, Black и Death Метал водат директно потекло од музиката на овој бенд. Нивните први два албуми Welcome to Hell (1981) и Black Metal (1982) ќе добијат култен статус.

Venom

Venom

Преку океанот, во Соеднинетите Американски Држави, поточно Лос Анџелес, Калифорнија, металот ќе побегне од својата патека и ќе се искомерцијализира во вид на под-жанрот Glam Metal. Ова нема да им се допадне на младите американски металци кои, под влијание на Моторхед и Веном, во првата половина на 80-те, ќе го започнат underground движењето Thrash Metal – жанр побрз и потврд од кога и да било претходно. Развојот на треш металот главно ќе се одвива во два региони – западниот брег, односно Калифорнија, и источниот брег – Њу Јорк и Њу Џерси.

На запад ќе се издигнат бендовите Metallica (предводниците на жанрот),Slayer, Exodus, Megadeth, Testament, Heathen, Forbidden, Dark Angel, Death Angel, Hirax, Vio-lence и многу други. На источниот брег ќе се издигнат бендовите Anthrax, Overkill, Nuclear Assault и др. Како најзначајни од овие бендови ќе се издвојат  Metallica, Megadeth, Slayer и Anthrax, кои ќе го добијат заедничкот име Големата четворка на треш металот” (The Big 4). Како нивни најзначајни албуми се издвојуваат: Kill ‘Em All (1983), Ride the Lightning (1984), Master of Puppets (1986) на Metallica; Peace Sells… but Who’s Buying? (1986), Rust in Peace (1990), Countdown to Extinction (1992) на Megadeth; Show No Mercy (1983), Reign in Blood (1986), Seasons In the Abyss (1990) на Slayer; Spreading the Disease (1985), Among the Living (1987), State of Euphoria (1988) на Anthrax. Вреди да се споменат и албумите: Bonded By Blood (1985) и Fabulous Disaster (1989) на Exodus; The Legacy (1987) на Testament; Taking Over (1987), The Years of Decay (1989), Horrorscope (1991) на OverkillVictims of Deception (1991) на Heathen; Darkness Descends (1986) на Dark Angel; Forbidden Evil (1988) на Forbidden; итн…

Metallica

Metallica

slayer

Slayer

Развојот на треш металот нема да биде лимитиран само на територијата на САД. Од Канада ќе произлезе Annihilator (најзначајни албуми: Alice In Hell (1989) и King of the Kill (1994)), од Бразил Sepultura со својот Deathrash (симбиоза на Thrash и Death Метал)(најзначајни албуми: Beneath the Remains (1989), Arise (1991), Chaos AD (1993)), а во централна Европа ќе се развие т.н. Тевтонски Треш (Teutonic Thrash), чиј предводници ќе бидат Kreator (најзначаен албум: Pleasure to Kill (1986)), Sodom (најзначаен албум: Persecution Mania (1987)), Destruction (најзначаен албум: Infernal Overkill (1985)), Tankard (најзначаен албум: Zombie Attack (1986)) од Германија и Coroner (најзначаен албум: R.I.P (1987)) од Швајцарија. Во Македонија ќе се издигне скопскиот бенд Санаториум (чиј албум На работ на разумот” ќе има култен статус во македонската музика) и битолчаните Orion (кои ќе негуваат Deathrash стил).

Санаториум

Санаториум

Во првата половина на 90-те, треш металот ќе биде загрозен од развојот на Grunge движењето, но благодарение на познатите Pantera со својот Groove Metal и албумите како Cowboys from Hell (1990) и Vulgar Display of Power (1992) тој ќе биде спасен и продолжен.

Pantera

Pantera

Покрај трешот, други значајни под-жанрови на металот кои се развиле во 80-те се Black и Death металот. И двата жанра своето потекло го лоцираат во музиката на Venom.

Black металот ќе има два развојни периоди. Првиот бран ќе биде предводен од веќе споменатите Venom, како и од бендовите Mercyful Fate од Данска, Celtic Frost од Швајцарија и Bathory од Шведска. Оној препознатливиот звук на блек металот ќе биде креиран од страна на Bathory, бенд формиран од Томас Борје Форсберг, попознат како Quorthon, “таткото на Викиншкиот метал”. Својот прв албум, самонасловениот Bathory, ќе биде издаден во 1984, а како култни во развојот на блек металот се албумите Under the Sign of the Black Mark (1987) и Blood Fire Death (1988). Со албумот Blood Fire Death, во кој е воведена нордиска тематика,се удрени темелите на т.н. Viking Metal (Викиншки метал).

Quorthon

Quorthon

Вториот бран на блек металот од почетокот на 90-те ќе се развие во Норвешка, а ќе биде предводен од бендовите Mayhem, Burzum, Immortal, Darkthrone, Emperor и др.

Како што веќе споменав, почетоците на Death металот се лоцираат во музиката на Venom, како и во музиката на американскиот бенд Possessed формиран во 1983 година, кој ќе го издаде и легендарниот албум Seven Churches во 1985. Големо влијание врз развојот на Death металот ќе имаат и треш-метал албумите Reign In Blood (1986) на Slayer и Pleasure to Kill (1986) на Kreator. Оној вистински препознатлив звук на Death металот ќе биде дело на бендот Death од Орландо, Флорида, предводен од гитаристот и вокал Чак Шулдинер, наречен “татко на Death металот”. Својот прв албум Scream Bloody Gore, ќе биде издаден во 1987, а во 1988 година следи албумот Leprosy.

Чак Шулднер

Чак Шулдинер

Од Флорида ќе произлезат и други познати Дет метал бендови како Obituary, Deicide, Morbid Angel и други. Во 90-те ќе дојде до позначителен развој на Death металот, кога ќе произлезат и познатите бендови Cannibal Corpse, Suffocation, Nile и Amon Amarth.

Во средината и втората половина на 90-те, ќе се развие и под-жанрот Nu Metal – комбинација на метал со елементи на хип хоп. Предводници на жанрот ќе бидат бендовите Korn, Deftones, Limp Bizkit, Slipknot, Soulfly, Linkin Park и други.

На почетокот од 90-те ќе се развие и правецот Folk Metal, кој претставува комбинација на металот со фолк инструменти и теми како народниот фолклор и митологија. На овој под-жанр ќе се надоврзи и претходно споменатиот Викиншки метал, а често се испреплетува и со други жанрови на металот како Power и Black. Како основач на Фолк металот се смета бендот Skyclad од Англија со својот прв албум The Wayward Sons of Mother Earth издаден во 1991 година. Значајно влијание во развојот на раниот Фолк метал ќе има и ирскиот бенд Cruachan. Но, вистинскиот бум на Фолк металот ќе настане во новиот милениум со бендови како Ensiferum, Heidevolk, Eluveitie, Korpiklaani, Finntroll, Turisas, Tyr, Folkearth, Folkodia и многу други.

Eluveitie

Eluveitie

Денес металот претставува силен музички жанр кој постојано се развива низ сите негови под-жанрови со нови идеи, тематики и бендови. Гледајќи на изминатите 40-тина години, од појавувањето на Black Sabbath, па преку бендовите како Judas Priest, Motorhead, Dio, Iron Maiden, Venom, Metallica, Slayer, Sepultura, Санаториум, Bathory, Death, Pantera, Eluveitie, Alestorm ние навистина имаме што да им оставиме како културно-музичко наследство на идните генерации, наследство кое ќе можат да го развиваат, збогатуваат и надополнуваат.

И за крај би поставил неколку стихови од песната In Union We Stand од бендот Overkill, која слободно може да се вброи во химните на хеви металот:

From the islands to the cities, from the ports into the sea
We are strong, we will always be…
Blazing through the wreckage, burning all we see
The life we lead committed to be free…
Our union is a fortress, together we are bound
A common bound in freedom and in sound!
So raise your voices high for miles around to hear
Let them know we are drawing near…

In Union We Stand !

************************************************************

PS: И едно видео 🙂

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>