«

»

Oct 19 2015

Löwenmensch фигурата – најстарата зооморфна скулптура во светот

Фигурата Löwenmensch (Човек-лав) е најстарата зооморфна скулптура во светот, откриена во 1939 година во пештерата Хохленстејн-Стадел во Швабските Алпи во Германија. Скулптурата, висока 29,6 сантиметри, изработена од слонова коска на рунтав мамут, прикажува човечка фигура (не се знае дали е маж или жена) со глава на европски пештерски лав (Panthera leo spelaea). На левата рака од скулптурата се врежани седум линии.

Löwenmensch

Löwenmensch figura 4

Според јаглеродното датирање на органски материјал од истиот стратиграфски слој во кој е пронајдена, фигурата е стара околу 40 000 години и се врзува со Орињачката култура на горниот палеолит.

Löwenmensch figura 1

Слична, но помала, скулптура на човек со глава на лав, заедно со уште неколку животински фигуринки и коскени дувачки музички инструменти, се пронајдени во една друга пешетера во истиот регион. Ова води до заклучок дека фигурата на Човек-лав играла значајна улога во митологијата на луѓето од горниот палеолит.

Löwenmensch фигурата се чува во музејот во Улм, Германија.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>