«

»

Feb 27 2014

Мачки-бомби и гулаби-ракети

Низ текот на човечкото минато биле измислувани најразлични чудни и неконвенционални оружја кои на една од завојуваните страни требало да и’ донесат одредена предност или пак излез од некои тешки ситуции за време на битки, опсади итн… Веќе еднаш предходно пишував на блогов за некои неконвенционалните оружја користени за време на античкиот период, а во овој напис ви претставувам едно “лудо” оружје на доцниот среден век и ренесансата – мачки-бомби и гулаби-ракети.

Илустрација на експлозивните мачки и птици во копија на книгата на Франц Хелм од 16 век која се наоѓа во Универзитетската библиотека во Хајделберг.

Илустрација на експлозивните мачки и птици во копија на книгата на Франц Хелм од 16 век која се наоѓа во Универзитетската библиотека во Хајделберг.

Имено, се работи за опсадна тактика опишана во една германска книга од 16 век, дело на Франц Хелм, која требало да служи како прирачник за опсадно војување и употреба на барут и огнено оружје. Во еден дел од книгата насловен како: “Како да се запали замок или град во кој неможе да се влезе на друг начин”, се зборува за тактика според која требало да се чека некое домашно милениче, како мачка или гулаб, да излезе од замокот или градот, па да се зароби и да му се прицврсти екплозив со долг фитил кој би требало да обезбеди доволно време додека “движечката бомба” не се врати во својот дом и експлодира, притоа предизвикувајќи пожар. Сепак, за среќа, не се забележани никакви историски извори кои споменуваат дека оваа опсадна тактика било воопшто некогаш и применета.

Илустрација во копија на книгата која се наоѓа во библиотеката на Универзитетот Пенсилванија.

Илустрација во копија на книгата која се наоѓа во библиотеката на Универзитетот Пенсилванија.

Нешто слично било смислено и применето од страна на Русите за време на Втората Светска Војна кога биле употребувани анти-тенковски кучиња против германските оклопни возила. Американците исто така почнале да тренираат кучиња со прицврстени екплозиви како оружје против фортификации, но останале само во фаза на експеримент.

Anti-tank-Dog2

Анти-тенковски кучиња

Во продолжение следуваат линкови до две дигитализирани копии од книгата на Франц Хелм кои се наоѓаат во библиотеката на Универзитетот Пенсилванија во САД и Универзитетот Хајделберг во Германија, во кои се надевам дека ќе откриете и некои други интересни работи. 🙂

macki bombi i gulabi raketi 3

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>