«

»

Jul 14 2013

Македонија и Преспа во делата на странските картографи – од II до XIX век (3 Дел)

Стигна третиот и последен дел од статијата “Македонија и Преспа во делата на странските картографи – од II до XIX век”.

13. КАРТА НА МАКЕДОНИЈА ОД ДА ВИЊОЛА И РОСИ

Оваа карта потекнува од втората половина на 17 век и претставува дело на двајца италијански картографи – Џакомо Кантели да Вињола и Џакомо Џовани Роси. На оваа карта се прикажани повеќе градови во Македонија меѓу кои ги среќаваме и : Охрид, Струга, Преспа, Скиртијана и др.

14. КАРТА НА МАКЕДОНИЈА, ТЕСАЛИЈА И ЕПИР ОД МАЛЕТ

Оваа карта претставува дело на францускиот картограф Алаин Манесон Малет и е изработена во втората половина на 17 век. На оваа карта се прикажани најважните антички племиња и региони во Македонија, Епир и Тесалија како и некои поважни градови како Солун, Лихнид (Охрид), Филипи и др.

15.КАРТА НА АНТИЧКА ГРЦИЈА, МАКЕДОНИЈА И БАЛКАН ОД ДЕЛИСЛЕ

Карта изработена во 18 век од страна на францускиот картограф Жилаум Делисле. Овој картограф е главно познат по својата прецизност при изработката на карти на земји и региони во Европа, Африка и Америка. Во врска со оваа карта интересно е тоа што Преспанското и Охридското Езеро се прикажани како едно исто езеро на кое се наоѓаат и Охрид и Преспа. Покрај тоа на картата се наоѓаат и населбите Скиртијана и Брусида (која најверојатно се наоѓала во близина на месноста Буково).

16. КАРТА НА ГРЦИЈА, МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ОД СЕУТЕР

Оваа карта потекнува од 18 век и претставува дело на еден од најзначајните германски картографи – Матеус Сеутер кој својата работна кариера ја започнал како помошник кај некој производител на пиво, но подоцна заминал ви Нирнберг каде почнал со својата картографска работа.

На картата се прикажани повеќе балкански земји како Македонија, Грција, Албанија, Тракија, а меѓу наведените градови свое место имаат и Преспа, Охрид, Струга итн.

17. КАРТА НА МАКЕДОНИЈА ОД РАЈЛИ

Оваа карта е изработена во втората половина на 18 век и претставува дело на австрискиот картограф Франц Јохан Јозеф вон Рајли. На картата се прикажани поважните градови во Македонија меѓу кои свое место имаат и Солун, Скопје, Стоби, Преспа, Охрид, Струга и други.

18. КАРТА НА БАЛКАНОТ ПОД ОТОМАНСКА ВЛАСТ ОД ПЕТЕРМАН

Оваа преубава карта на Балканот под Отоманска власт претставува дело на познатиот германски картограф Август Хајнрих Петерман. Картата е издадена во 1870 година и плени со својата прецизност. Меѓу градовите наведени на картата свое место има и градот Ресен.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>