«

»

Jan 17 2014

Македонски народни преданија за Цар Александар

Најголемиот војсководец во историјата, човек кој предизвикувал восхит кај луѓето, сплотувач на народи и култури, идол на многу историски големци, вака, накратко, може да се опише ликот на македонскиот цар Александар III, лик кој нашол свое место во фолклорот на голем број народи, почнувајќи од Шкотска, па се до Индија, лик за кого се раскажани и испеани голем број на легенди, преданија, приказни и песни, како низ светот, така и во неговата родна земја Македонија.

Поменот за Александар кај нашиот народ е сеприсутен, неговите храбри подвизи секогаш биле мотиватор за македонските борци и револуционери, потсетувајќи ги на некогашната слава и големина на татковината. Приказните за Александар во нашиот фолклор претставуваат директна врска со антиката и нашите предци, затоа во овој напис се одлучив да ви пренесам неколку македонски народни преданија поврзани со ликот на најславниот македонски цар:

1. Цар Александар Македонски (извор: “Македонски Народни Преданија” од Танас Вражиновски, Скопје, 1986)

2. Александар Македонски и сестра му Ангелина (извор: “Македонски Народни Преданија” од Танас Вражиновски, Скопје, 1986)

3. Александар Македонски (извор: “Македонски Народни Преданија” од Танас Вражиновски, Скопје, 1986)

4. Цар Александар (извор: Зборникот на браќата Димитар и Константин Миладинови издаден во Загреб во 1861 година)

И покрај тоа што во некои од овие преданија се среќаваат одредени историски неточности, како приказот на Александар во временска рамка на издигнувањето на Османлиска Турција (фолклорен елемент за кој лично сметам дека треба да се посвети внимание), и фантастични елементи, како потрагата за “безсмртната вода”, сепак фасцинантно е тоа што во нив се среќаваат и одредени историски точности како свеста за местоположбата на неговата престолнина Пела кај селото Постол/Апостол, Ениџе-вардарско, потоа фактот дека персискиот цар бил убиен од страна на своите војници, начинот на скротување на својот коњ (истата приказна е запишана и од страна на античкот историчар Плутарх кој живеел во I век н.е.) и други.

Се надевам дека овој пост ќе ве поттикне да ги прашате вашите баби и дедовци да ви кажат по некоја приказна за Цар Александар. 🙂

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>