«

»

Mar 07 2014

Македонскиот јазик во книгата на Тезеј Амброџио Албонесе од 1539 година

Како и во сите науки, така и во историјата сите дискусии треба да се водат аргументирано и со факти. А кога биле во прашање дискусиите за македонскиот национален континуитет, неговите негатори секогаш ја наметнувале тезата дека не постојат средновековни докази за постоењето на Македонците како нација или пак за постоењето на посебен Македонски јазик. Но, ваквите тврдења пополека почнуваат да паѓаат во вода со откритието на неколку книги во кои јасно е наведено нивното постоење. Една таква книга е и тема на денешната гостинска статија на мојот драг колега Кузман Мато.

Тезеј Амброџио Албонесе (1469 – 1540/41) е италијански хуманист од периодот на италијанската ренесанса, претставник на христијанскиот(католичкиот) кабализам и предвесник на Ориентализмот. Негово најзначајно дело е книгата Introductio in Chaldaicam linguam, Syriacam, atque Armenicam and decem alias lingua, издадена во 1539 година, во која се преведуваат црковните псалми од повеќе јазици, а се бележат и тогашните јазици и азбука која народите ја користеле како средство за писмена комуникација. Она што е важно за нас е дека во неговата книга тој прави јазична и азбучна паралела помеѓу повеќе јазици како латински, грчки, далматински, сиријски, арапски, еврејски… вклучувајќи го и македонскиот, кој е наведен како посебен јазик, различен од грчкиот, српскиот и бугарскиот.

makedonski jazik

Интересно е тоа што македонскиот и далматинскиот јазик се наведени како првенци од словенските јазици и постојано се нагласувани во книгата.

molitva makedonski i dalmatinski

“Боже, Боже моj, зошто ме остави?” напишано на македонски и далматински (хрватски).

Значајно е и тоа што е потенцирано дека грчкото писмо, кое во книгата е поделено на неколку верзии, се користело во различни форми и од страна на повеќе народи, што ни покажува дека неговата употреба од страна не некој народ не значи дека тој народ имал некаква хеленска национална свест, со што им става крај на грчките тврдења дека пронајдените текстови во Македонија пишувани со грчко писмо се доказ за нејзиниот “хеленски карактер”.

bukvi koristeni vo razlicni jazici

Дополнителна занимливост за историчарите е и тоа што авторот во неговата книга го забележал и постоењето на етрурското писмо за кое тој тврди дека сеуште се сретнува во италијанските книги и библиотеки.

Во продолжение следува дигитализирана верзија на книгата на Тезеј Амброџио Албонесе:

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

2 comments

  1. Meto

    Ve molam stavete PDF ili nekoj format sto moze da se downloadira. Blagodaram.

    1. Игор

      Повелете: http://www.scribd.com/doc/230142545/Introductio-in-Chaldaicam-linguam-Syriacam-atque-Armenicam-and-decem-alias-lingua

      Поздрав и се’ најдобро ! 🙂

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>