«

»

Apr 01 2014

Мистериите на Денот на благодарноста

Денот на благодарноста, кој се одбележува на 27 Ноември, претставува еден од најпопуларните празници кои се прославуваат во Соединетите Американски Држави и Канада. Тој претставува ден на кој луѓето искажуваат благодарност кон Бог за богатата жетва. Иако традиционално празникот имал религиозна основа, тој денес се идентификува како световен празник.

Празникот води потекло од 16 век, кога првите европски мигранти се населиле во Америка, носејќи ги своите жетварски обичаи, а притоа дошле во контакт со домородното население кои истотака во тој период имало свои жетварски празници.

Но, овој празник е обвиен и со една голем мистерија. Имено, покрај Европејците и домородното население, има одредени претпоставки според кои била вклучена и трета, вонземска страна. Ова тврдење произлегува од фактот што во НИТУ ЕДЕН ДОКУМЕНТ од тој период кој го опишува овој празник НЕ Е ПОТЕНЦИРАНО ДЕКА ВОНЗЕМЈАНИТЕ НЕ ПРИСУСТВУВАЛЕ НА ПРОСЛАВИТЕ !!!

Зошто овој факт е криен од јавноста? Кој има корист од неговото заташкување? Дали е тоа дел од агендата на вонземјаните ненадејно да ја нападнат Земјата, притоа да бидат потпомогнати од масоните и илуминатите? Дали традиционалната полнета мисирка е резултат на вонземска технологија? Погледенете го ОВА ВИДЕО за се’ да ви стане јасно !

The_First_Thanksgiving_cph.3g04961

Априлилили ! 🙂 🙂 🙂

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>