«

»

Apr 01 2015

Мистеријата позади изградбата на пирамидите конечно решена !

Начинот на кој биле изградени египетските пирамиди пред 4500 години претставува мистерија која долго време предизвикува големи расправии и полемики во научната јавност. Едни тврдат дека Египјаните имале доволно добар систем и соодветно знаење за да можат да го направат тој потфат, имено, фараоните биле доволно моќни за да имаат една цела армија на работници, архитекти, добавувачи на материјал, кои, работејќи макотрпно повеќе години, на крајот успевале во својата цел – изградба на монументална фараонска гробница. Други пак, велат дека не е возможно Египјаните сами да ги имаат изградено пирамидите, дека морале да имаат некаква помош од некоја технолошки поразвиена, вонземска цивилизација, која ги користела Египјаните за да изградат ‘паркинг’ за своите вселенски бродови.

Но, пред некое време се појави една слика, откриена во гробницата на Рамзес XII која докажува дека вистината е некаде на средина, односно, вонземјаните навистина биле вклучени во изградбата на пирамидите, но не баш онака како што досега сме замислувале.

Во продолжение следува споменатата слика, во изворна состојба:

pyramids built by aliens aliens

Вековната мистерија е конечно решена !

              /\

            /==\

         / ==== \

      /======= \

   /==========\ Априлили!!! 🙂 🙂

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>