«

»

Jul 19 2014

На локалитетот Гурбита богати наоди од 1. век од нашата ера

Во античката населба Гурбита во близина на село Згрополци археолозите од Народниот музеј од Велес во изминатиот период најдоа богати движни наоди од 1. до 3. век од нашата ера. Археолошките истражувања кои се вршеа со поддршка на Министерството за култура на РМ за годинава се завршени, а во наредниот период ќе се работи на конзервација на наодите, кои понатаму ќе бидат презентирани и пред јавноста. Според археологот Анита Василкова Мидоска, раководител на истражувањето, во текот на истражувањето се работело на два сектори: на просторот на населбата и на просторот на некрополата.

gurbita velesko

На просторот на населбата биле откриени два станбени објекти со неколку фази на реконструирање од 1. до 3. век од новата ера. На просторот на некрополата, пак, е истражуван делот кој бил нападнат од таканаречените диви копачи, кои на овој локалитет вршеле илегални дејствија. Археолозите од велешкиот музеј во текот на овие истражувања на некрополата откриле неколку гробови, кои, според наодите во нив и гробните прилози, припаѓаат на 2. и 3. век од новата ера.

И во двата дела од населбата Гурбита, истакнува Василкова – Мидоска, бил пронајден богат движен наод, односно керамички садови и предмети од метал. Според неа, животот во оваа богата населба Гурбита во 3. век од нашата ера почнал да замира.

Археологот Василкова – Мидовска очекува финансиска поддршка од Министерството за култура и за понатамошно истражување на оваа населба со цел да се добие поцелосна слика за сакралниот и секојдневен начин на живеење на жителите од оваа античка населба.

Текстот е превземен од Вечер.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>