«

»

Nov 28 2014

Најинтересните праисториски откритија во ноември

Овој ноември се покажа како доста интересен месец кога е во прашање праисториската археологија. Имено, во изминатите неколку недели беа соопштени низа на вредни откритија поврзани со најстарите епохи од човечкото минато, а од нив како најинтересни може да се издвојат три, од кои две ни доаѓаат од еден локалитет во Данска.

1. Човечки стапки стари 5000 години

Во еден исушен фјорд (залив) на данскиот остров Лоланд, археолозите откриле низа од човечки стапки направени пред околу 5000 години втиснати во тогашниот морски под заедно со остатоци од стапица за фаќање риби. Ова укажува дека стапките најверојатно му припаѓале на неолитски риболовци. Според анализите стапките им припаѓаат на две различни особи. Покрај ова, на брегот од фјордот биле отркиени неколку черепи од диви и домашни животни, кои најверојатно биле оставени како жртвени дарови.

covecki stapki stari 5000 godini 1 covecki stapki stari 5000 godini 2

2. Камена секира со зачувана дрвена дршка

По кратко време, на истиот локалитет во Лоланд, Данска, археолозите направија уште едно значајно откритие – камена секира со зачувана дрвена дршка, намерно вкопана до длабочина од 30 сантиметри во морскиот под, најверојатно како дарување. Покрај ова орудие, чија старост е проценета на околу 5 500 години, во близина биле пронајдени уште неколку зачувани дрвени артефакти како весло, два лака и уште 14 други дршки за секири.

kamena sekira so drska danska 1

3. Нова ‘Венера’

Третото и најново праисториско, овој пат палеолитско, откритие доаѓа од Франција. Имено истражувајќи го палеолитскиот локалитет Ренанкурт во близина на Амиен, археолозите откриле ‘Венера’, односно женска скулптурка со нагласена стеатопигија. Биле пронајдени дваесетина фрагменти од скулптурата изработена од варовник, а според реконструкцијата била висока 12 сантиметри. Нејзината старост се проценува на околу 23 000 години.

venera od renankurt francija

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>