«

»

Oct 13 2015

Најстариот еп во светот доби свое надополнување

Музејот во Сулејманија, Ирак, откри 20 нови стихови кои го надополнуваат четвртото поглавје од Епот за Гилгамеш, стар околу 4000 години, а кој на нас ни е познат благодарение на откриените глинени плочки во древниот месопотамиски град Нинива во 1853 година.

Gilgamesh1

Во овој еп се раскажува приказната за кралот на Урук, Гилгамеш и неговиот најдобар пријател, дивиот Енкиду. Новооткриените стихови стихови се однесуваат на нивното патување во кедровата шума и борбата со чудовиштето Хумбаба, кое сега доби подобар опис, а во новите стиховите е поизразено и чувството на вина кај пријателите за нивното нарушување на шумата.

Музејот во Сулејманија ги откри овие нови стихови на една фрагментирана глиенена плочка, дел од колекција од 80-90 плочки со различна содржина, откупени во 2011 од некој трговец со антиквитети, кој најверојатно до нив дошол на нелегален начин. Точната локација на пронаоѓањето на плочките е непозната, но се претпоставува дека потекнуваат од централен Ирак (околината на древниот Вавилон).

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>