«

»

Dec 22 2014

Недела на археологијата во Археолошки музеј на Македонија

Во периодот од 23 до 25 декември, Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје организира манифестација насловена како “Недела на Археологијата” на која гостите ќе имаат можност да ја проследат следната програма:

Прв ден – 23.12.2014 (Вторник):

18:00 часот

– Свечено отворање на манифестацијата „Недела на Археологијата“)

18:30 часот

– Свечено отворање на изложба „Места на Контакти – Златните лица на Македонските кралеви“
– Промоција на каталог: „Во сенката на божествената Изида“

19:30 часот

– Предавање на проф д-р Виктор Лилчиќ под наслов: „Развој и состојба на археологијата во Р. Македонија“

20:30 часот

– Предавање на м-р Перо Арџанлиев под наслов: „Златните маски на Македонските кралеви“

Втор ден – 24.12.2014 (Среда):

16:00 часот

– Предавање на проф. д-р Драги Митревски „Пајонскиот народ и култура во областа на археологијата“
– Предавање на проф. д-р Елизабета Димитрова „Homines Immortales: Средновековните ктитори во Македонија“

17:30 часот

– Предавање на м-р Горан Санев „Археологијата и 3Д технологијата – новитети и приоритети“
– Предавање на м-р Гоце Наумов „Нови методи и технологии во предисториската археологија“

19:00 часот

– Проекција на документарни филмови од македонската археологија

Трет ден – 25.12.2014 (Четврток):

16:00 часот

– Предавање на проф. д-р Марјан Јованов „Раната Антика во Северо-источна Македонија, нови хоризонти во македонската археологија“
– Предавање на м-р Гоце Наумов „Неолитска Пелагонија“
– Предавање на м-р Александра Папазова Санев „Мали Дол – некропола од преоден период XII-XI век пне“

19:00 часот

– Музички концерт (квартет) промоција на млади автори

20:15 часот

– Затварање на манифестацијата „Недела на археологијата“

nedela na arheologijata dekemvri 2014

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>