«

»

Oct 15 2015

‘Недела на Археологијата’ во Археолошки Музеј на Македонија

По повод една година од отворањето, Архелошкиот Музеј на Македонија, во периодот од 18 до 22 октомври, ја организира манифестацијата ‘Недела на Археологијата’.

Оваа манифестација ќе започне на ден 18 октомври (недела) со слободен влез за посетители. Официјалното отворање на манифестацијата ќе започне со изложбата „10 Столбови на Археолошкиот музеј” која ќе се одржи во понеделник (19.10.) со почеток во 19.00 часот. Преку една документарна и техничка изложба ќе се  се презентираат  локалитетите: Голема Пештера – Здуње, Тумба Маџари, Пилаво – Бурилчево, Димов Гроб – Уланци, Дедели, Демир Капија, Исар Марвинци, Виничко Кале – Виница, Мородвис и Стоби, кои се истражувани со децении, а претставуваат стожер на кој се градеше Археолошкиот музеј и се формираа музејските колекции. На изложбата ќе бидат претставени најрепрезентативните предмети од споменатите локалитети и археолошка теренска документација, дневници, технички цртежи, фотографии и алат користени за време на археолошките истражувања. Идејниот концепт за изложбата е на проф. д-р Драги Митревски, во координација со д-р Славица Бабамова и м-р Александра Папазовска.

Целта на изложбата е да се претстават најзначајните научно-истражувачки проекти кои Археолошкиот музеј на Македонија ги водеше со децении наназад. Во вторник (20 октомври) ќе се одржат низа на презентации поврзани со сите значајни проекти на споменатите локалитети, во кои кустосите носители на збирките во Археолошкиот музеј на Македонија ќе претстават кус преглед за историјатот на локалитетите, историјатот на истражувањата, најзначајните археолошки откритија, како и за карактерот и значењето на овие локалитети за македонската археологија.

Третиот ден од манифестацијата (среда, 21 октомври) ќе биде посветен на неодамна починатиот д-р Драгиша Здравковски, кустос советник во Археолошкиот музеј на Македонија. Во чест на  неговата работа и дело ќе се одржи сесија на предавања за неолитот во Македонија и Бугарија.

Последниот ден од манифестацијата (четврток, 22 октомври), е посветен на Лапидариумот во Археолошки музеј на Македонија, со изложба која го прикажува историјатот на иницијалната и најстара збирка на Археолошкиот музеј.

Целосна програма на настанот:
nedela na arheologijata 2015 programa

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>