«

»

Mar 25 2015

Обука за работа со георадар на Скупи

Управата за заштита на културното наследство оваа недела (22-29 март) организира обука за користење високотехнолошки методи во архелогијата, а во соработка со НУ Археолошки музеј на Македонија и фирмата „Геоархео“ од Хрватска.

управа-за-културно-наследство-георадар1

Обуката на македонските археолози за работа со георадар, кој го поседува Управата, ја прават Горан Скелац, дипломиран археолог и Јурица Горичанец, инжeнер по електротехника од „Геоархео“, а за место каде што тоа ќе се спроведе е избран археолошкиот локалитет Скупи.

Методите на истражувањата се археолошка геофизика, примена на георадар, теренски преглед и документирање. Теренскиот дел подразбира геофизичко снимање во висока резолуција, а со цел картирање на подземните структури на локалитетот и нивна интерпретација.

Во рамки на обуката е направено и снимање на античкиот театар во Скупи со беспилотно летало од мала висина, со чија помош се добива снимка со висока резолуција од која се изработува ортофотографија и 3D-модел на теренот.

управа-за-културно-наследство-георадар2-600x800

Текстот е превземен од Телеграф.мк

Фото: Управа за заштита на културното наследство

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>