«

»

Sep 05 2014

Од Цареви Кули изваден царски трезор од артефакти

Тука се и теракотни фигурини на божицата Кибела и Хермес, златните негроидни и лавји обетки, златните прстени од македонско-хеленистичкиот и средновековниот период, стаклените амфорети, римските ламби со претстава на Ахил и Пентесилеја, како и оние со претстава на Атина, разновидни монети од 4 век пр. н.е, па се до денес…

carevi-kuli-2014-1

Со интензивните истражувања на локалитетот Цареви Кули беа пронајдени над 5000 артефакти кои го илустрираат животот на овој простор, почнувајќи од 6 милениум пр. н.е, па се до денес. Токму на овој простор се пронајдени и огромен број на археолошки предмети од сите епохи.

“Се работи за голем број значајни артефакти од кои посебно ќе ги издвоиме праисториските фигуринки Божици на плодноста, разновидните праисториски садови некои од нив декорирани со богата декорација. Тука се и теракотни фигурини на божицата Кибела и Хермес, златните негроидни и лавји обетки, златните прстени од македонско-хеленистичкиот и средновековниот период, стаклените амфорети, римските ламби со претстава на Ахил и Пентесилеја, како и оние со претстава на Атина. Пронајдени се и гладијатори, овнови, средновековните печати, разновидни монети од 4 век пр. н.е, па се до денес (со исклучок на 7, 8 и 9 век), големите остави на 4300 византиски монети и онаа на венецијански монети. Наоди кои во моментов се обработуваат и претставуваат значаен извор за анализа на времињата во кои настанале”, објаснува Зоран Рујак, раководител на истражувањата на Цареви Кули.

carevi-kuli-2014-2

Истражувањата во моментов, според Рујак се одвиваат на Северозападното плато на локалитетот и тие ги продолжуваат истражувањата спроведени во текот на 2009-та.

“Овој локалитет, во однос на останатите, е повеќеслоен и овде се испреплетуваат мноштво на епохи, култури и настани што го чинат исклучителен во секаква смисла. На некој начин, овој локалитет претставува вистински белег на македонската археологија зашто речиси и да нема период кој не оставил своја трага. Овде беа дадени одговори на многу прашања во врска со историјата на овој дел на Македонија. Во наредните неколку години, како што посочува Рујак, треба да бидат целосно заокружени истражувањата.

carevi-kuli-2014-3

“Локалитетот претставува затворена целина и конечна цел е да се утврдат сите аспекти од животот на тврдината и околу неа. Потоа, потребно е публикување на резултатите од истражувањата на што, во моментов, интензивно се работи. Самата средновековна тврдина, е предмет на интензивна конзервација и делумна реставрација. Конзервација треба да отпочне и на објектите во внатрешноста на тврдината во текот на наредната година. Со овие процеси, а и со целосното уредување на локалитетот, ќе добиеме еден неодминлив пункт во идните туристички дестинации, кој со својата местоположба и содржини плени и восхитува, така што ниту еден од посетителите нема да остане рамнодушен од убавината на локалитетот”, потенцира Рујак.

Автор: Д.Т.

Текстот е превземен од Вечер.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>