«

»

Mar 12 2015

Се одржа шестата Музејска Ноќ во Виница

Музејот на град Виница беше претесен да ги собере сите заинтересирани гости на шестата по ред традиционална ‘Музејска Ноќ’, одржана синоќа во организација на музејот ‘Теракота’ – Виница како проект од национален интерес во културата за 2015 година, финансиран од Министерството за култура на Р. Македонија и Општина Виница.

muzejska nok 2015 vinica 4

Настанот започна со отворање на изложбата „Праисториските дами од Македонија“ превземена од НУ Археолошки музеј на Македонија за која идејата и концептот ги презентираше авторот и куратор на изложбата Ирена Настева Колиштркова. На изложбата се презентирани теракотни фигурини со претстави на жена од периодот на праисторијата поточно од периодот на неолитот и енеолитот од шестиот до средината на третиот милениум пред нашата ера. Колекцијата е збир на артефакти од музејските институции од Македонија. Сите фигурини се рачно изработени и уникатни а биле претставувани и почитувани како идоли, заштитнички на домот, огништето и куќата. Повеќето од нив се изведени со нагласени симболи на плодородието и убавината. Украсени со разновиден накит и фризури упатуваат на еден сегмент од тогашниот секојдневен живот, грижата за убавината и допадливоста на жената што не е различно и од денешен аспект.

muzejska nok 2015 vinica 2

muzejska nok 2015 vinica 1

muzejska nok 2015 vinica 3

На отворањето на изложбата присуствуваше и директорката на НУ Археолошки музеј на Македонија г-ѓа Весела Честоева која истакна дека соработката која ја имаат со музејот „Теракота“ Виница ќе продолжи и понатаму на задоволство на двете институции а во интерес на презентација на културното наследство од Македонија пред пошироката јавност.

Во вториот дел од музејската ноќ посетителите уживаа во амбиенталниот музички настап на Billy Esteban надополнет со видео проекција во склад со музиката.

Музеј ‘Теракота’ – Виница

Фото: Бранко Данилов

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>