«

»

Apr 10 2015

Оксфордскиот професор Ендру Вилсон во Скопје ќе оддржи предавања за археологијата на економски институции

Andrew Wilson

Професор Ендру Вилсон

Угледниот професор Ендру Вилсон од Универзитетот во Оксфорд, кој е водечко име во областа на римската археологија, од 12 до 18 април ќе престојува во Скопје каде што ќе оддржи предавања на Филозофскиот факултет. Првото предавање со наслов „The Archaeology of Economic Institutions“ ќе биде во вторник (14 април) од 12 часот во салата за седници при Филозофскиот факултет, а второто излагање со наслов „Before the Pin Factory. Division of Labour and Mass Production in the Roman Economy“ ќе се оддржи во четврток (16 април) од 12 часот на истото место.

Покрај наведените предавања, кои се резултат на соработката меѓу Филозофскиот факултет во Скопје со Универзитетот во Оксфорд, професорот Вилсон ќе одржи уште едно предавање во петок (17 април) во Археолошкиот музеј на Македонија заедно со професорката Драгана Младеновиќ од Универзитетот во Единбург и Ине Џејкобс од Оксфорд. Темата е „Before the Pin Factory. Division of Labour and Mass Production in the Roman Economy“. Предавањата на Ендру Вилсон се овозможени со поддршка на фондацијата „Кирил Трајковски“ од Лондон.

Извор: Телеграф.мк

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>