«

»

Jul 17 2015

Откриен голем словенски храм на германскиот остров Риген

Германските археолози кои го истражуваат ‘ртот Аркона на островот Риген открија градба од 11 век која најверојатно претставувала словенско светилише. Во овој период островот Риген бил познат како голем религиозен центар на западните Словени, се’ до неговото освојување од страна на данскиот крал Валдемар I.

ostrovot rigen germanija

Географската положба на островот Риген

Археолозите проценуваат дека храмот бил висок 12 метри и со тоа претставува најголемата градба во областа помеѓу реката Елба и Полска од времото кога во овој регион живееле Словени. Градбата е во форма на брод, што најверојатно претставува скандинавско влијание, имајќи во предвид дека слични структури се пронајдени во Данска и Шведска.

slovenski hram na Rigen crtez 2015

Раководителот на истражувањата Улрих Шеде со цртеж на можниот изглед на градбата

istrazuvanje na slovenski hram na Rigen 2015 1

Научниците засега ја отфрлаат можноста да се работи за познатиот храм на Световид опишан од страна на данскиот историчар Саксо Граматик, за кој сметаат дека е изгубен под вода. Имено, секоја година Балтичкото Море еродира по половина метар од брегот и археолозите се во постојана борба со морето за спасување на културното наследство на островот.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>