«

»

Jul 12 2014

Откриен мозаик со претстава на Александар Македонски во синагога од 5 век во Израел

Група на американски археолози, предводени од Џоди Магнес од Универзиетот на Северна Каролина, истражувајќи доцно-римска синагога од 5 век во селото Хукок во северен Израел, открија мозаик на кој најверојатно е претставена еврејската легенда за средбата помеѓу Александар Македонски и врховниот еврејски свештеник во Ерусалим, приказна која се среќава во рабинската литература и за која има пишувано и римско-еврејскиот историчар Јосиф Флавиј. Ова е првиот откриен случај на мозаик во синагога кој не обработува библиски мотив.

Мозаикот е со диманзии од 3 метри должина и 2 метри ширина и е поделен на три делови. На најдолниот дел е претставен крвав мотив со војник на смртна постела кој држи штит и бик прободен од неколку копја, од чии рани тече крв. Во средниот дел е прикажан стар човек во седечка положба облечен во бела туника и наметка и држи свиток. Тој е опкружен од млади момчина кои истотака се церемонијално облечени. Во најгорниот дел е прикажан брадест војник со дијадема на главата и пурпурна наметка кој држи бик за роговите (Александар Македонски) и е придружуван од војници и слонови.

Royal figure in Huqoq mosaic

mosaic-071014

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>