«

»

Mar 05 2015

Откриен прекрасен железнодопски котел во Франција (Фото)

Група француски археолози откриле прекрасен железнодопски котел за вино истражувајќи тумул од 5 век пне во близина на селото Лавау, северо-западна Франција.

Котелот, најверојатно од хеленско или етрурско производство, е изработен од бронза и има дијаметар од приближно 1 метар. Има четири рачки декорирани со претстави на речниот бог Ахелос. Други декоративни елементи се среќаваат по работ на котелот, вклучувајќи осум лавји глави. Внатре во котелот е пронајден керамички сад за вино, декориран со претстава на Дионис. Ова откритие ги потврдува трговските врски помеѓу келтскиот свет и Медитеранот.

Тумулот кој се истражува е со дијаметар од 40 метри и најверојатно претставува почивалиште на локален аристократ.

Во продолжение неколку фотографии од овој прекрасен наод:

Celtic-cauldron-2

celtic cauldron 1

Celtic-cauldron-france3

Iron-Age-cauldron-France4

celtic cauldron  ceramic vessel 5

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>