«

»

Dec 19 2014

Откриена 2500 години стара мумија на младо момче

Текст на Александар Китановски – студент по Археологија.

Научниците во Чикаго отворија стар Египетски саркофаг, и во него открија мумија сокриена скоро 2,500 години. По потекло од гробиштата Акхмим, кои што се наоѓаат на источната страна од реката Нил во Горен Египет, златно обоениот, богато украсениот саркофаг бил во сопственст на музејот во Чикаго од 1925 година.

Egipetska mumija Cikago 2

“Со ЦТ скенирањата кои ги извршивме во 2011 години, установивме дека мумијата е момче на возраст од околу 14 години, во очигледно добра физичка кондиција.” рече кураторот на музејот Ј.П. Браун за Discovery News.

Пронајдена одамна изгубената мумија на фараоновиот полубрат

Според натписот на сандакот, името на момчето е Минирдис. Тој бил син на Инарос, кој бил наследник на свештеник на Мин – египетскиот бог на плодноста.

Градот Акхмим, лоциран на околу 480 км. јужно од Каиро по течението на реката Нил, бил еден од најголемите Египетски градови и важен центар на почитување на Мин. Тој исто така бил познат и како родено место на Јуја, прапрадедото на кралот Тутанкамон.

“Како свештеник, Минирдисовиот татко бил моќна личност и бил одговорен за ритуалните миења и облекувања на статуите на богот. Минирдис најверојатно ќе ја наследел титулата ако преживеал.” рече Браун.

Користејќи специјално креирани алатки како лост за да го подигнат капакот од ковчегот, Браун и колегите го отворија саркофагот. Целта им беше да ја извадат и конзервираат мумијата пред да појде на турнеја низ државата во изложбата “Mummies: Images of the Afterlife.”

Egipetska mumija Cikago 1

Откритието на египетската мумија фрла светло врз помалку видните членови на кралското семејство

Погребната маска и поцрнетите прсти се единствените видливи делови од мумијата. Остатокот од младото тело останува завиткано во жолта ткаенина.

“Плаштот, поставен под маската, но над главната обвивка, беше повлечен на една страна, спуштајќи ја под мумијата обоената јака и со тоа го направи тешко вадењето на мумијата.” – рече Браун.

“Материјалот на плаштот и обвивките беа доста оштетени и ова дополнително ја искомплицира целата операција.” – додаде тој.

Како што ја вадеа мумијата, Браун и колегите исто така пронајдоа дотогаш непознат цртеж од божицата Нут (Божица на небото) на дното од сандакот.

Egipetska mumija Cikago 3

Мумифицирањето започнало долго пред појавата на фараоните

Зошто Минирдис починал толку млад сеуште е непознато.

Според Браун, тој најверојатно подлегнал на некоја инфективна болест или некој орган престанал да му функционира.

“Нема доказ за лоша исхрана или болест кој е видлив на ЦТ скенирањата.” – рече тој.

Во моментов, Браун и колегите ги анализираат деловите кои беа завиткани околу мумијата, како што се маската и плаштот. Тие исто така ќе треба повторно да го спојат отстранетото стапало на Минирдис.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>