«

»

Mar 04 2015

Откриена египетска гробница стара 3000 години

Американски археолози открија 3.000 години стара гробница во јужноегипетскиот град Луксор, соопшти Министерството на антиквитети на Египет.

Во соопштението се наведува дека гробницата, чии ѕидови се раскошно насликани, му припаѓала на Аменхотеп, чувар на храмот на египетското боженство Амон, и дека најверојатно поттекнува од времето на Осумнаесетата династија на Новото Египетско Кралство (1543-1292 пред нашата ера).

otkriena egipetska grobnica stara 3000 god

Египетскиот министер на антиквитети Мамдух е Дамати рече дека гробницата содржи „светли слики со голема убавина“, на кои во разни сцени се претставени Аменхотеп и неговата сопруга.

Тој наведе дека во провинцијата Исмаилија во североисточниот дел на Египет, се пронајдени остатоци на резиденцијата на фаронот Тутмос Втори, кој бил четвртиот владетел од Осумнаесеттата династија.

Текстот е превземен од Телеграф.мк

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>