«

»

Dec 13 2014

Oткриена гробница на египетска кралица

Во Луксор, Египет, египетско-француски тим на археолози пронашле гробница на непозната египетска кралица за која се смета дека живеела во 2. милениум пред н.е.

“Продолжува истражувањето за да се одреди за кој фараон била омажена. Познато е дека гробницата е од периодот на Рамесид (1314-1085 п.н.е) кога 11 кралеви биле наречени Рамзес, се вели во соопштението на Министерството за антиквитети на Египет.

Во гробницата биле пронајдени и фрагменти на 20 погребни статуи на кои е напишано името “Каромама”, што би можело да го стесни бројот на кандидатите.

Ushabtis-Of-Karomama-ramses

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>