«

»

Dec 16 2014

Откриена и петтата џиновска статуа на египетскиот фараон Аменхотеп Трети

Египетските археолози вчеравечер во Луксор ја претставија и петтата џиновска статуа на фараонот Аменхотеп Трети кој со Египет владеел пред повеќе од 3.000 години, а бил и дедо на познатото момче-фараон Тутанкамон.

otkriena-i-pettata-dzhinovska-statua-na-egipetskiot-faraon-amenhotep-11

Археолозите во ноември успеале да соберат 89 камени блокови на статуата висока речиси 13 метри. Таа се наоѓа покрај уште четири статуи на влезот на храмот на овој фараон, на западниот брег на реката Нил.

Статуата е тешка 110 тони и изработена е од обоен кварцит, и за првпат е представена на јавноста по нејзиното уривање пред 3200 години при земјотрес.

Археолозите во ноември успеале да ја реконструираат статуата, која го прикажува фараонот во седечка положба.

Најзначајниот споменик подигнат во време на владеењето на фараонот биле неговите колоси кај Луксор, неколку фигури кои го претставуваат владетелот како седи.

Амнехотеп, кој станал фараон на 12 години, го наследил царството кое се протегало од Судан до Еуфрат. Тој владеел од 1390. до 1352. година пред н.е.

Текстот е превземен од Media.mk

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>