«

»

Oct 29 2014

Откриени амфоровидни садови на локалитетот Мрдаја на брегот на Дојранското Езеро

Во тек се истражувањата на археолошкиот локалитет Мрдаја, на брегот од Дојранското Езеро, кој беше откриен во 2012 година при градежните работи за проширување на градската плажа во Стар Дојран.

Богатиот археолошки движен и недвижен материјал е со хронолошка припадност во доцнобронзеното време и преодот кон железното време. Во таа смисла, досега се откриени 54 колци од палафитна населба и изработки од бронза (ножеви, српови, јадици, како и една секира), цели или фрагментирани делови од керамички садови со карактеристична мат-обоена декорација и специфичните амфоровидни садови богато украсени со врежување.

Mrdaja2

Евидентирани се и фрагменти од керамички садови за секојдневна употреба и складирање на прехранбени продукти. Сиве овие наоди упатуваат на припадност на долновардарскиот културен круг, со временска определба во периодот од 13. до 11 век пред Христа.

Mrdaja1

Археолошките активности се одвиваат во континуитет, трета година по ред, и се поддржани од Министерството за култура на Република Македонија. Носител на проектот е НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, во соработка со НУ Музеј – Гевгелија.

Текстот е превземен од Вечер.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>