«

»

Mar 23 2015

Откриени две нови древноегипетски гробници во Луксор

Гостинска статија на Александар Китановски – студент по Археологија.

Две нови древноегипетски гробници беа откриени пред три недели во дел од археолошката област на Теба, Sheikh Adb El Qurna, од страна на Амереканскиот истражувачки центар во Египет (ARCE), со подршка од USAID и Египетското Министерство за Антиквитети. И двете гробници потекнуваат богатата XVIII династија на Новото Кралство и беа откриени при мапирањето на границите на Тебанската гробница 110 (ТТ110).

Првата гробница му припаѓа на Аменотеп, кој исто така бил познат и како Ребиу, слугата на Богот Амун. Како што соопшти Министерството за Антиквитети, гробницата има форма на буквата Т и се сосоти од ходник чијашто должина изнесува 5,10 метри, анеговата широчина е 1,50 метар. Ходникот води до друга просторија која е долга 2.50 метри и широка 2,10 метри. На источниот крај има мал вграден простор во ѕидот кое што служел за оставање на разни предмети, статуи и др. На јужната страна исто така се наоѓа еден влез кој води до мала просторија со димензии 2 на 2 метри. Во центарот на таа просторија има отвор кој можеби води до погребната просторија.

Влезот на првата гробница

Министерот Ел Дамати изјави дека гробницата содржи многу необични сцени со светли бои обоени на гипсот. Многу од сцените во гробницата го претставуваат фараонот и неговата жена пред маса за вотивни дарови. На друга сцена пак, фараонот е претставен како прави договор со божица која негува кралско дете, потоа има сцени од секојдневниот живот, како и од погребни ритуали.

Внатрешноста на првата гробница

Генералниот Директор на Горен Египет, Султан Еид изјави дека гробницата била намерно оштетена во минатото. Имињата и натписите во самата гробница, некои хиероглифски текстови и сцени со додатоци со името на богот Амун биле намерно избришани.

Втората гробница исто така има форма на буквата Т и припаѓа на Са-Мут. Содржи неколку убави сцени, обоени на гипс со впечатливо светли бои. Содржи сцени од секојдневни активности, прослави и сцени кои го претставуваат покојникот и неговата жена Та Кает. Гробницата се состои од попречен ходник и недовршени странични простории со отвори. Таа била ограбена во антиката и исто така и во неа се намерно избришани некои од текстовите и сцените.

Детал од втората гробница

Артефакт во втората гробница

Втората гробница лежи во источниот дел на ТТ110 и го дели истиот двор. Вратата на оваа ново откриена гробница се отвара на север и јужно од вратата на другата гробница на Аменотеп (Ребиу).

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>