«

»

Jun 22 2014

Откриени границите на Епископската резиденција во Херaклеја

Битолските археолози од Заводот, Музеј стигнаа до нови откритија кои се поврзани со Епископската резиденција во археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, кој е избран како еден од најзначајните во групата на капитални проекти поддржани од Владата на Република Македонија.

herakleja 123

Новите откритија се важни затоа што го потврдуваат континуитетот на животот во Хераклеја, но и епископскиот карактер на градот. Долго време се мислеше дека Хераклеја не егзистирала од седми до деветти век, но новите откритија потврдуваат дека овде имало живот и во тој период.

„Секој археолог е среќен кога ќе дојде до некој податок. Сега веќе слободно можеме да кажеме дека веќе ја откривме границата на распространетост на Епископската резиденција, односно го најдовме крајниот зид. Веќе работиме на тој простор. Наидуваме на богат материјал од типот на садови керамика, монети кои ни асоцираат каде се наоѓаме и бројни предмети од метал“ – вели археологот Аница Ѓорѓиевска, од битолскиот Завод и музеј.

Ѓоргиевска посочува дека ова откритие има многу големо значење бидејќи досега беше познат само источниот дел на епископската резиденција кој се состои од трпезарија односно триклиниум и неколку соби за спиење, дурмиторија. Сега се открива западната страна на објектот кој е граден на типично антички начин со бунар во средината. Ваквото откритие е во контиунуитет на скорешните пронајдоци кои исто така имаат големо значење за македонската археологија.

„Од деветти до единаесетти век Хераклеја егзистира во црковна насока. Значи тоа се материјални сведоштва кои го потврдуваат тој континуитет во животот на Хераклеја почнувајќи од четвртиот век пред наша ера до единаесетти-дванаесетти век наша ера. Значи пронајдовме прекрасна нова базилика со уште поубави мозаици. Всушност тоа го потврди уште еднаш епископскиот карактер на градот во ранохристијанскиот период“ -вели таа.

Пронајдена е одбранбена кула од крајот на третиот век која што веќе е конзервирана и бројни други наоди кои само ја збогатуваат сликата за овој град.

Автор: Анета Шијакова
Веста е превземена од Канал 5.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>