«

»

Dec 16 2014

Петок во Скопје ќе се одржи јавна презентација за маршот на Александар Македонски низ Република Македонија

Петок (19 декември) во Музејот на Македонската Борба во Скопје, со почеток во 12 часот, познатиот археолог и директор на Управата за заштита на културното наследство проф. Д-р Виктор Лилчиќ Адамс ќе ги презентира своите сознанија во врска со маршот на Александар Македонски низ територијата на Република Македонија во 335 г.пне.

Станува збор за интензивните теренски и кабинетски археолошки истражувања на територијата на Република Македонија, приближно од 1975 до 2014 година, со фокус на трасата по која патувал македонскиот крал Александар III Македонски во 335 година пред н.е. на враќањето од Дунавската кампања. Притоа е дефинирано дека рутата на кралот водела низ подрачјата на 18 актуелни општини во Република Македонија. Кралот Александар поминал покрај низ долините на актуелните реки: Крива Река, куса дистанца од околу 22 километри покрај Вардар и долж долината на Црна Река, притоа непосредно покрај триесетина стари градови и најмалку уште толку тврдини на извесно растојание од патната траса но со гравитација кон истата. Важен репер при определувањето на трасата по која поминал кралот Александар се скромните пишувани податоци што хроничарот Аријан ги запишал во делото Анабаза, а делумно и извесни податоци од перото на подоцнежниот историчар Тит Ливиј. Но, проф.д-р Виктор Лилчиќ Адамс во најголемиот дел, реконструкцијата на патот на Александар ја темели врз големиот број археолошки податоци до кои дошол во рамките на сопствените теренски истражувања во горе наведениот временски период.

Влезот на презентацијата ќе биде слободен, а нејзин модератор ќе биде проф. Д-р Марјан Јованов од Филозофскиот Факултет во Скопје.

10615344_10203344859601708_4669222601999222772_n

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>