«

»

Oct 03 2014

По 60 години, откриена нова викиншка тврдина во Данска

Група на дански археолози од Универзитетот Архус и Данскиот центар за замоци, предводени од професорот Сорин Синдбек и Нана Холм, открија нова викиншка тврдина по цели 60 години. Локалитетот е именуван како “Вало Боргринг” (Vallø Borgring) и се наоѓа во близина на градчето Коге, во близина на Копенхаген, на големиот остров Зеланд, место каде што во викиншко време се вкрстувале два значајни патишта кои воделе од градовите Рингстед и Роскилде.

nova vikinska tvrdina vo danska

Професорот Сорин Синдбек и Нана Хелм го разгледуваат локалитетот

Тврдината има форма на прстен со дијаметар од 145 метри. Таа претставува петта викиншка тврдина од овој тип, ексклузивен за Данска. Се претпоставува дека тврдината потекнува од втората половина на 10 век, најверојатно од времето на данскиот крал Харалд Блутут (Harald Bluetooth, да, името на безжичната технологија Bluetooth потекнува од името на овој крал), кој во тој период војувал против Германците на југ, а ја освоил и Норвешка на север. Односно, петте тврдини претставуваат дел од еден одбрамбен систем – сите тие се на меѓусебно растојание од 30-40 километри, впрочем тоа е и фактот кој ги навел археолозите да трагаат по петтата тврдина, инстинкт кој се покажал како точен. Сепак, поради недоволната истраженост на тврдината, оставен е простор за поинакво толкување. Археолозите не ја исклучуваат можноста за постоење на уште неколку вакви тврдини.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>