«

»

Jun 28 2014

По пет децении откриена некропола на локалитетот Баргала

Експертите од УНЕСКО можеби наскоро освен во Охрид ќе треба да се ангажираат и во околината на Штип. На археолошкото наоѓалиште Баргала по половина век истражување, откриени се девет гробови од главната некропола. Се смета дека токму во базиликата, откриена во непосредна близина до некрополата, сесловенските просветители – браќата Кирил и Методиј ја пишувале Глаголицата.

bargala1

По речиси половина век вложен труд и знаење за да се лоцира и открие, археолошкиот тим од штипскиот Музеј, деновиве ги ископаа првите девет гробови, од како што сметаат, главната некропола на еден од најстарите градови на македонскиот Исток, чии корени датираат уште од времето на раниот Неолит, а денеска е популарна археолошка туристичка атракција, градот Баргала.

– Слободно можам да кажам дека ја откривме Некрополата на Баргала, бидејќи со овогодишната акција откривме неколку работи што може да ги детерминираме периодично. Сметаме дека се она што го пронајдовме датира од втори до четврти век од оваа ера, објасни Митко Штерјов – археолог во музеј Штип и раководител на проектот.

Со финансиска помош од Министерството за култура, во моментов на Баргала, археолозите работат на детално истражување на Некрополата и реонот околу таканаречената градска базилика. Повеќемина угледни археолози сметаат дека токму тука во својата Брегалничка мисија, сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј ја напишале првата буква од Глаголицата.

Во моментов, повеќе детали за тоа како се живеело во тоа време, открива еден од гробовите за кој археолозите сметаат дека му припаѓа на висок воен великодостојник. Ископувањето оди бавно, бидејќи се бара крајна прецизност, за да не се уништат артефакти најдени во гробот, што преставуваат скапоцен извор на информации за археолозите за животот на нашите предци пред повеќе векови.

– Приоѓаме кон откопување на гробот, крајно внимателно, со цел артефактите што ќе ги пронајдеме внатре да останат неоштетени изјави, Зоран Николов – археолог во музеј Штип.
– Од наодите имаме четири белезики, два прстени и воена секира, објасни Штерјов.

На површина од 4,5 хектари, десет илјади туристи годишно се запознаваат со секој детаљ од богатата македонска историја, врежана во темелите на Баргала – еден од четирите најголеми антички градови во источна Македонија, во кој живееле над 5000 жители.

Автор: Дејан Ефремов

Текстот е превземен од Канал 5.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>