«

»

Jun 20 2013

Преспа во Првата Светска Војна низ објективот на Француските фотографи (1 дел)

Во текот на Првата Светска Војна (1914-1918), Преспа била директно вклучена во воените дејствија така што низ нејзина територија поминувал Македонскиот Фронт (1915-1918), кој што ја делел на два дела по линијата Лескоeц-Стење-Преспанско Езеро-Сливница-Претор.

Од северната страна на фронтот се наоѓале војските на Централните сили т.е. на Германија, Австро-Унгарија и Бугарија, додека пак од јужниот дел се наоѓале силите на Антантата т.е. на Србија, Англија и Франција. Сите овие војски со себе имале и фотографи чија цел била да го овековечат животот на фронтот, како на војниците така и на обичните луѓе кои живееле во тој регион и прекрасните нови предели и пејсажи со кои се среќавале. Токму темата на овој пост е да ви ги прикажам “кадрата” на француските воени фотографи од овој регион во текот на Првата Светска Војна.

Изворот на фотографиите е архивата на Министерството за Култура на Република Франција.

Сликано во западниот дел на Преспа за време на маршот на Французите од Драч до Битола (Јануари - Март 1917)

Во близина на селото Горица во западниот дел на Преспа за време на маршот на Французите од Драч до Битола (Јануари - Март 1917)

Камп во близина на селото Горица во западниот дел на Преспа за време на маршот на Французите од Драч до Битола (Јануари - Март 1917)

Сликано во западниот дел на Преспа на 02.03.1917 за време на маршот на Французите од Драч до Битола (Јануари - Март 1917)

Сликано во западниот дел на Преспанското Езеро на 02.03.1917 за време на маршот на Французите од Драч до Битола (Јануари - Март 1917)

Сликано во западниот дел на Преспанското Езеро на 02.03.1917 за време на маршот на Французите од Драч до Битола (Јануари - Март 1917)

Сликано во западниот дел на Преспа на 02.03.1917 за време на маршот на Французите од Драч до Битола (Јануари - Март 1917)

Командантот на 176 пешадиски полк Ламониер со соработниците. Сликано во близина на селото Лескоец на 02.02.1917 за време на маршот на француската војска од Драч до Битола.

Одликување на српски војник со орденот "Витез на Легијата на Честа" од страна на капетанот Периер, придружник на генералот Гилаумат на 10 мај 1918 во селото Рахово

Сликано во западниот дел на Преспанското Езеро во 1918

Ровови ископани од бугарската армија во близина на селото Штрбово, подоцна преземени од француската војска. Март 1917

Командниот персонал на 176 пешадиски полк на чело со полковникот Вик. Сликано во село Штрбово на 18 јануари 1917

Слика на командниот персонал на 176 пешадиски полк на чело со полковникот Вик. Сликано во село Штрбово на 18 јануари 1917

Стара уништена црква сликана за време на посетата на генералот Гилаумат на Преспанскиот и Охридскиот регион (5-7 март 1918)

Риболовци во Малото Преспанско Езеро сликани во јануари 1917 за време на маршот од Горица (Корча) до Лерин.

Сликано во близина на селото Заградец во јануари 1917 за време на маршот од Горица (Корча) до Лерин.

Продолжува…

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>