«

»

Aug 09 2014

Продолжуваат археолошките истражувања на Голем Град

…Гледано од брегот, островот Голем Град во Преспанското Езеро, изгледа како фрлено парче зеленило на сината езерска плоча, оддалечено од настаните на брегот со време и простор. Кога сте на Голем Град Ве фасцинираат не само природната разновидност на животинскиот и растителниот свет, кој сос воите бои, мириси и звуци Ве предупредуваат дека ова е нивниот микрокосмос, каде тие опстојуваат со векови, туку и бројните остатоци од населба од античкиот период, урнатините на црквата Св. Димитрија и постоечката Св. Петар, како сведоци дека свој микрокосмос на ова парче земја некогаш имале и луѓето…

golem grad

И ова лето на островот Голем Град ќе продолжат археолошките истражувања. Истражувачко-археолошкиот тим од Националната установа Археолошки Музеј на Македонија, предводен од проф. д-р Марјан Јованов, од понеделник, 11 август, ќе се обиде да даде одговор на дел од прашањата поврзани со начинот на живот на цивилизацијата која живеела и творела на овој простор.

А, според програмата на Министерството за Културна на Република Македонија, оваа година предвидена е и конзервација на живописот во црквата “Св. Петар” на островот.

sv petar

Според археолозите, островот Голем Град има голем археолошки, но и културен потенцијал. Овој споменик на културата се’ повеќе се наметнува како едно од најрепрезентативните обележја на Република Македонија во светот.

Во рамките на истражувањата на најзначајниот археолошки локалитет во Преспа – островот Голем Град, кои во континуитет се изведуваат од 1967 година, досега откриени се најразлични архитектонски остатоци и движен археолошки материјал од средновековниот и античкиот период. Минатото лето беше откриен богат нумизматички материјал од овој период, од кои најрепрезентативна беше монетата со ликот на македонскиот крал Персеј, како и монашка куќа од средниот век која има значајна научна вредност поради тоа што претставува прв објект за живеење на островот од овој период.

golem_grad_20

Текстот е превземен од PrespaInfo.com

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>