«

»

Jul 04 2014

Продолжуваат археолошките истражувања на локалитетот Градиште близу Младо Нагоричане

Стручните екипи од Музејот во Куманово и археолозите Управата за заштита на културното наследство ги продолжија деновиве ископувањата на локалитетот Градиште во близина на селото Младо Нагоричане, кумановско, во близина на магистралниот пат кон Република Бугарија познат по рекогносцирањата извршени пред околу 30 години.

Picture1

Уште при самото прибирање на површинскиот материјал, увидено е дека станува збор за богата населба лоцирана на левиот брег на Пчиња, која егзистирала во периодот на енеолитетот, железното време, раната антика и хеленизмот.

Gradiste Kumanovo 04

На повеќеслојното наоѓалиште, на површина од 400 метри квадратни, откриени се голем број столбови и елементи од камена пластика кои, според археолозите, најверојатно припаѓале на луксузна градба, резиденција или палата, датирана од III до IV век пред нашата ера.

Gradiste Kumanovo  02

Gradiste Kumanovo  03

Поради раскошните наоди, археолозите претпоставуваат дека се работи за палата на локален владетел. Според некои истражувачи, можно е тука да било лоцирано дел од племето Агријани, познати по својата борбеност и прочуено во битките кои ги воделе за Александар Македонски.

Gradiste Kumanovo 01

Резултатите од годинашните ископувања се од особено значење, затоа што преку добиените сознанија кумановскиот регион се вклучува во цивилизацијата која егзистирала во посочениот период во скопскиот, овчеполскиот и јужноморавскиот регион, а чиј развој се следи преку локалитетите Бразда, Исар – Студеничани, Градиште – Кнежје и Кале- Кршевица. Според динамиката за реализиција на предвидените активности, истражувањата на локалитетот Градиште, ќе продолжат до крајот на годинава, со финансиска поддршка од Министерството за култура.

Gradiste Kumanovo 05

Текстот е превземен од Макфакс.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>