«

»

Jul 08 2014

Продолжуваат археолошките истражувања на Трештена Стена

Со финансиска поддршка од Министерството за култура, стручни лица од НУ Завод и музеј – Прилеп, во рамките на програмата за заштита на културното наследство, и оваа година ги продолжија истражувањата на енеолитската населба на локалитетот Трештена Стена во близина на мариовското село Чаниште, Прилепско. Овие истражувања уште еднаш ги потврдија очекувањата дека животот во населбата се одвивал во континуитет така што врз една разурната населба се градела друга.

trestena stena 2014 3

trestena stena 2014 2

При ископувањата се пронајдени голем број фрагменти од култни масички-жртвеници, антропоморфна пластика во фрагментирана состојба и фрагменти кои укажуваат дека фигурините биле во стоечка, седечка или полуседечка состојба.

trestena stena 2014 1

Трештена Стена се истражува од 2001 година и претставува значаен локалитет затоа што е единствениот во Македонија во кој има уникатен начин на врежување на предметите, односно брaздестo врежување со шилесто орудие. Досега е утврдено дека локалитетот датира од времето на доцниот енеолит, односно од бакарното време.

Текстот е превземен од Press 24.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>