«

»

Sep 16 2014

Продолжуваат истражувањата на новата базилика во Хераклеја

Продолжуваат археолошките ископувања на локалитетот Хераклеја, кои се реализираат со поддршка од Министерството за култура.

Акцент на годинашните активности е ставен на доистражувањето на новата трикорабна базилика од ранохристијанскиот период, впечатлива архитектонска градба, која со својата големина го потврдува значењето на градот како мошне развиен епископски центар.

herakleja 1

За време на годинашните истражувања на оваа значајна градба, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола открија повеќе архитектонски елементи, и тоа: раскошен мозаик со богати геометриски мотиви, делумно зачувани мозаични подови, повеќе фрагменти од мозаици и од фрескосликарство, а особено внимание привлекуваат и фрагментите од пронајдените мегарски чаши. Според археолозите, новите мозаици во Хераклеја, кои повторно се откриваат по 40 години, се од исклучително значење за збогатување на сознанијата во македонската археолошка наука.

herakleja 2

Во изминатите шест години овој антички локалитет, основан од Филип Втори Македонски, поради своето огромно значење, е дел од капиталните проекти финасирани од Владата на Република Македонија.

Текстот е превземен од Cooltura.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>