«

»

Sep 11 2014

Продолжуваат конзерваторските работи на археолошкиот локалитет Баргала

Со финансиска поддршка на Министерството за култура во тек е конзервацијата на бедемот на еден од најрепрезентативните археолошки локалитети во Македонија, Баргала кај Штип.

Prodolzuvaat konzervatorskite raboti na Bargala

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Штип интензивно работат на конзервација на 181 метарскиот северно-источен бедем на овој значаен археолошки локалитет кој датира од четвртиот до шестиот век. Според предвидениот план во тек е конзервацијата на третата делница од бедемот во должина од 46 метри. Покрај работите на бедемот во тек е и конзервацијата и реконструкцијата на  печките за стакло и метал.

Археолозите од Штипскиот Музеј во моментов работат и на градската базилка и на средновековната некропола, кај црквата Свети Ѓорѓија, која се поврзува со мисијата на Светите Кирил и Методиј.

Со реализацијата на проектот за конзервација на северо-источниот бедем ќе се овозможи зголемена репрезентативност на локалитетот како и поголема посетеност од страна на домашните и странски посетители.

Баргала е еден од четирите најголеми и најпознати доцно антички градови и ранохристијански епископски центри во источна Македонија, во кој живееле над 5000 жители. Локалитетот кој е со површина од 4,5 хектари, годишно е посетен од повеќе од десет илјади домашни и странски посетители кои се запознаваат со богатата македонска историја.

Текстот е превземен од Нова Македонија.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>