«

»

Mar 10 2015

Проф. Д-р Виктор Лилчиќ-Адамс: Долината на кралевите ќе ја открива македонската историја

“Дел од фокусот на проектот Археолошки катастар во 2015 година ќе го насочиме кон систематско археолошко топографско лоцирање на пајонските гробови и гробници во Долината на кралевите”, вели д-р Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство.

dolinata-na-kralevite-ke-ja-otkriva-makedonskata-istorija

Проектот Археолошки катастар на Република Македонија, археолошките истражувања и геоскенирања на локалитетите Китино Кале, Кичево и Градиште на Пчиња кај Младо Нагоричане, се дел од десетте проекти кои годинава ќе бидат приоритет на Управата за заштита на културното наследство.

Областа, таканаречена Долина на кралевите, пак, е локалитет на кој во иднина ќе му се обрне особено внимание.

Причината, според проф. д-р Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културно наследство, е можноста на овој простор да бидат откриени значајни факти за историјата на Македонија, но и можноста тој да стане и туристичка атракција.

“Би рекол дека не беше сосема неочекувано неодамнешното сознание за концентрацијата на огромен број гробови и гробници на древните жители на територијата на Република Македонија, Пајонците во таканаречената Долината на кралевите. Пајонците всушност учествувале во античката македонска генеза со околу 50-70%. И факт е дека тие од времето кога ја бранеле Троја од Хелените, па се до третиот век пред н.е. акумулирале невидени материјални и културни богатства. Оформиле кралство со историски познати кралеви Агис, Ликеј, Патрај, Авдолеон, Леон, Дропион и уште неколку други. Оформиле величествени градови: Астибо, Билазора, Аударист и други. Така што дел од фокусот на проектот Археолошки кататстар во 2015 година ќе го насочиме кон систематско археолошко топографско лоцирање на пајонските гробови и гробници во Долината на кралевите”, вели д-р Лилчиќ.

Според д-р Лилчиќ, деновиве се работи на усогласувањата во контекстот на новите промени во Законот за културно наследство.

“Во текот на март и во продолжение следат интензивните контакти со Агенцијата за катастар на недвижности. Паралелно се работи на археолошкиот проект кој како и минатата година се реализира преку Филозофскиот факултет во Скопје во кој професорите и студентите по археологија најдалеку отидоа во изработувањата на геореференцираните планиметрии на старите градови и тврдини во Република Македонија”, објаснува Лилчиќ.

Автор: Д.Т.

Текстот е превземен од Вечер.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>