«

Jun 03 2016

Промовирана книгата “Античка Билазора – престолнина на независните Пајонци” од Проф. д-р Драги Митревски

Денес во амфитеатарот на Меѓународниот Славјански Универзитет “Гаврило Романович Державин” во Свети Николе се одржа промоцијата на книгата “Античка Билазора – престолнина на независните Пајонци” од Проф. д-р Драги Митревски. Издавач на книгата е Општинската Установа Народен Музеј – Свети Николе, а ко-издавач МСУ “Г. Р. Державин”.

dragi mitrevski bilzaora kniga 1

На промоцијата беа присутни повеќе научници, претставници на институциите, како и многу заинтересирани граѓани. Кон присутните се обратија Mинистерската за култура, Елизабета Канческа Милевска, аташето за култура од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Михаил Лушин, директорот на Народниот Музеј на Свети Николе, Александар Арсов, градоначалникот на Општина Свети Николе, Зоран Тасев и д-р Јордан Ѓорчев, основач на Меѓународниот Славјански Универзитет.

Со свое обраќање, авторот на книгата “Античка Билазора – престолнина на независните Пајонци”, Проф. д-р Драги Митревски, се заблагодари на посетителите и надлежните институции и најави уште многу откритија од овој локалитет, кој е најрепрезентативен од сите пронајдени локалитети од тој период не само на Балканот, туку и пошироко.

kniga bilazora 2

На промоцијата беше промовиран и официјалниот веб – сајт www.bylazora.mk. Истражувањата од годинава се капитален проект од национален интерес на Владата на Република Македонија. По промоцијата, Mинистерката за култура и останатите претставници на институциите го посетија локалитетот Билазора.

Оваа книга претставува неопходно сумирање на основните резултати од досегашните археолошки истражувања, како научна провокација но и патоказ за идните истражувања.

Извор: Bylazora.mk

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>