«

»

Nov 13 2014

Пронајдена мистериозна стела во Турција и конечно коски во Амфипол

Изминативе два-три дена добивме информации за неколку значајни археолошки откритија во светот, од кои како најинтересни се издвојуваат откритеието на една загадочна стела во Турција и скелетни остатоци во гробницата во Амфипол во Грција.

Археолозите кои ги истражуваат остатоците од средновековниот христијански манастир посветен на Соломон на локалитетот Делише во југоисточна Турција наидоа на римска стела на која е прикажано, засега неидентификувано, божество со астрални и вегетативни елементи.

stela na nepoznat bog vo turcija

Дел од истражувањата во Делише

Стелата висока еден и пол метар била искористена како поддржувач на ѕидот при изградбата на христијанскиот манастир изграден во периодот на крстоносните војни на локалитетот на кој постојат остатоци и од железното време и римскиот период. Според експерите се работи за приказ не некој бог на плодноста. Она што е интересно е тоа дека начинот на кој тој е прикажан, односно неговиот надворешен изглед асоцира на прикази од железното време, што укажува на фактот дека локалните традиции продолжиле и во римско време. Во секој случај потребно е да се спроведат поопсежни анализи за точно да се идентификува прикажаното божество.

stela na nepoznat bog vo turcija 1

Римската стела на која е прикажано неидентификуваното божество

Покрај ова откритие во Турција, деновиве беше соопштено и дека грчките археолози конечно открија остатоци од човечки скелет во монументалната гробница од 4 век п.н.е. во Амфипол. Скелетот бил поставен во дрвен ковчег, кој пак бил вметнат во саркофаг од варовник под подот на третата комора од гробницата. Меѓу остеолошките остатоци биле пронајдени метални клинци и фрагменти од стакло.

Понатамошни анализи треба да го утврдат идентитетот на покојникот.

amphipolis-skeleton11

Пронајдениот саркофаг со скелетните остатоци во монументалната гробница во Амфипол

amphipolis-diagram-vault1

Саркофагот се наоѓал под подот на третата комора од гробницата.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>