«

»

May 14 2014

Пронајдена нова вампирска гробница во Полска

Група археолози предводени од археологот Славомир Горка во градот Камиен Поморски, северозападна Полска, пронајдоа нова вампирска гробница.

article-2627080-1DCAB1DB00000578-213_634x356

Се верува дека гробницата датира од 16-тиот век кога во централна Европа владеел стравот од вампири и многумина биле закопувани на специфичен начин, за да не станат од својот гроб.

article-2627080-1DCE1B7D00000578-839_634x616

Локацијата на градот Камиен Поморски

Во ногата на починатиот е забиен колец, а од устата се извадени горните заби и е ставено парче цигла што јасно укажува на вампирски погреб.

article-2627080-1DCAB27400000578-214_634x356

Според верувањата кои биле застапени во периодот од 13-от до 17-от век, луѓето кои биле злобни додека биле живи, можеле да се претворат во вампири после смртта, па затоа биле прободувани со колец во срцето.

article-2627080-1DCAB26200000578-204_634x356

Освен тоа постоел обичај да се прободува колец и по другите делови од телото, како и да се вадат забите со цел да се спречи вампирот да ја пие крвта на невините доколку некогаш се врати од мртвите.

Извор: Идивиди и Daily Mail

 

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>