«

»

May 13 2014

Пронајдени остатоци од „Санта Марија“ – бродот на Кристофер Колумбо

После повеќе од петстотини години откако Санта Марија, командниот брод на Кристофер Колумбо доживеал бродолом во Карибите, археолозите сметаат дека пронашле остатоци од него на дното од морето северно од брегот на Хаити, пренесува британски „Индипендент“.

Santa Maria

„Сите географски, подводни топографски и археолошки докази уверливо укажуваат дека тоа се остатоци од славниот брод на Колумбо“, рекол водачот на експедицијата, Бери Клифорд, еден од најпознатите американски подводни археолози.

Ако се докаже дека овие тврдења се точни, тоа ќе биде едно од најважните подводни откритија во историјата.
Подводните остатоци за кои се претпоставува дека се од Санта Марија

Подводните остатоци за кои се претпоставува дека се од Санта Марија

Бродот Санта Марија бил изграден во втората половина од 15 век во Баскија. Колумбо го изнајмил заедно со уште два брода, Пинта и Ниња и со нив во август 1492 година испловил од Шпанија во потрага по западниот пат до Азија. Два месеца подоцна допловил до Бахамите и го открил Новиот свет.
Санта Мариjа бил најголем од бродовите. На Божиќ во 1492 година удрил во гребен северно од брегот на Хаити и екипажот морал да го напушти. Во непосредна близина на местото на несреќата, Колумбо и неговиот екипаж изградиле мал кампус од кој после една седмица со двата преостанати брода се упатиле назад кон Шпанија за да ги известат за откритието своите мецени, шпанскиот крал Фердинанд и кралицата Изабела.
Рутата на првото патување на Колумбо и местото на бродоломот на Санта Марија

Рутата на првото патување на Колумбо и местото на бродоломот на Санта Марија

Идентификацијата на Санта Марија на Клифорд му ја овозможиле неколку претходни археолошки откритија. Во 2003 година друга група археолози ја пронашле веројатната локација на кампусот на Колумбо, што на Клифорд му овозможило, користејќи ги информациите од дневникот на славниот морепловец, што поблиску да го одреди местото на бродоломот.

Кристофер Колумбо

Кристофер Колумбо

Извор: Канал 5 и Independent

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>