«

»

Jul 18 2013

Репортажа: Директно од фронтот !

Во оваа репортажа Ви ја пренесувам атмосферата директно од делот на Македонскиот фронт на планината Галичица, кој поради “малото” задоцнување од скоро 100 години е доста помирен и потивок во однос на  годините кога бил најактивен. 🙂

За оние кои не знаат, Македонскиот фронт (познат и како Јужен или Солунски фронт) е еден од најзначајните фронтови во текот на Првата Светска Војна и бил активен од 1915 до 1918 година. Фронтот главно се протегал низ Македонија и практично ја делел нејзината територија на две половини. Истото важело и за планината Галичица. Од северната страна на борбената линија се наоѓале војските на Централните Сили  – Бугарија, Германија и Австро-Унгарија, додека пак од јужната биле силите на Антантата – Србија, Грција, Англија и Франција.

map-macedonian-salonikan-front-1915

Македонскиот Фронт

До местото од интерес на оваа репортажа се стигнува по еден спореден, земјен пат (познат и како “Пат до Врвот”) кој се надоврзува на патниот правец Отешево-Трпејца кој води низ планината Галичица.

pat na reportaza

Патот на авантурата 🙂

Првото интересно нешто на кое се наидува за време на патувањето е Лескоечката Пештера, која побудува љубопитност поради тоа што се наоѓа во еден доста забележителен камен отсек и има 3 влеза. Постојат повеќе приказни меѓу мештаните дека во оваа пештера се пронајдени остатоци од Првата Светска Војна, вклучувајќи и неотворени шишиња на француски вињак.

IMG_20130713_075658 IMG_20130713_075531 IMG_20130713_075255

По половина час пешачење можат да се забележат и првите остатоци од фронтот – камени ѕидови кои служеле за одбрана на војниците. Ова е доста интересен податок кога се има во предвид дека во Првата Светска Војна главно се водела рововска битка, но поради спецификите на теренот во овој реон, копањето на ровови е доста тешко, па затоа војниците ги граделе овие камени ѕидови кои биле доста лесни за конструирање со оглед на изобилството на камења на Галичица.IMG_20130713_081601IMG_20130713_081233IMG_20130713_082456IMG_20130713_082305IMG_20130713_082208

IMG_20130713_081206

“Поглед кон положбите на непријателот” 🙂

Според страната кон која се свртени овие ѕидови, најверојатно е дека тие се оргинално изградени од страна на војските на Централните Сили…

IMG_20130713_080732

IMG_20130713_083439

IMG_20130713_083931

IMG_20130713_081308

Поглед кон Охридското Езеро

IMG_20130713_083752

Поглед кон Охридското Езеро

Овие ѕидови продолжуваат да се среќаваат се до местото од каде што истовремено можат да се видат и Преспанското и Охридското Езеро…

Поглед кон Преспанското и Охридското езеро од исто место

Поглед кон Преспанското и Охридското езеро од исто место

Штом ќе се пристигне до ова место, остануваат уште дваесетина минути пешачење до делот каде што завршува земјениот пат и каде што можат да се видат повеќе објекти изградени во блиското минато, уште една, но не толку атрактивна пештера, а се забележуваат и ровови за кои постои веројатност дека потекнуваат од периодот кога Македонскиот фронт бил активен.

IMG_20130713_090347 IMG_20130713_090517

Како што стигнав до оваа точка, почна да се приближува еден облак кој не ја делеше мојата ведрина, а тоа значеше дека ова место ќе биде најдалечната точка на репортажата. 🙂 Но, се’ на се’ ова беше едно прекрасно патување во кое можеше да се видат голем број на историски споменици и природни убавини зачинети со чист планински воздух. Патување кое го препорачувам на секого и кое мора да го остварите кога ќе ви се пружи таква можност.

Поздрав и се’ најдобро !

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>