«

»

Apr 16 2014

Ресенчани во 1920 година: “Ние сме Македонци !”

Почетокот на 20 век е период во кој негаторските пропаганди на соседните држави насочени спрема македонската нација го достигнале својот врв. Но, и покрај нивните напори за бришење на се’ она што е македонско, во овој период постојат голем број на документи и сведоштва кои го докажуваат токму спротивното, односно ја докажуваат реалната вистина за постоењето на Македонците како посебна национална единка на Балканскиот Полуостров со јасно изградена национална самоидентификација.

Едно такво сведоштво се наоѓа и во книгата-патепис на германскиот политичар и историчар Херман Вендел (1884-1936) – Kreuz und quer durch den slawischen Süden; von Marburg bis Monastir, von Belgrad bis Buccari, Krainer Tage издадена во 1922 година, во која е опишана и посетата на Вендел на Македонија во август/септември 1920 година.

Kreuz und quer durch den slawischen Süden; von Marburg bis Monastir, von Belgrad bis Buccari, Krainer Tage by Hermann Wendel 1922

Насловната страна на книгата Kreuz und quer durch den slawischen Süden; von Marburg bis Monastir, von Belgrad bis Buccari, Krainer Tage од Херман Вендел, издадена во 1922 година.

Имено, во книгата на страна 95 е опишана една конверзација на Вендел со група млади момчиња во близина на една црква во Ресен (според приложената фотографија во книгата се работи за црквата Св. Ѓорѓи). Еве како се одвивал дијалогот:

Роеви на момчиња наоколу автомобилот.

“Па, што си ти?”

Тој погледна срамежливо и неразбирливо.

“Тој е Турчин!” викна хорот.

“Така? А Вие?”

“Македонци!” испукаа како од пиштол.

Resen vo patepisot na Hermann Wendel 1

Resen vo patepisot na Hermann Wendel

Страница 95 од книгата

Целосна дигитализирана верзија на книгата на Вендел на следниот линк.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>