«

»

Jan 23 2015

Римскиот театар во Стоби годинава подготвен за посетители!

“Во изминатиот период беа реконструирани вкупно 12 од 18-те оригинални редови на театарот, а целосното завршување на проектот се очекува во текот на 2015 година”, велат од Министерството за култура.

rimskiot-teatar-vo-stobi-godinava-podgotven-za-posetiteli-220897

Римскиот театар во Стоби, кај Градско се очекува до крајот на годинава да биде целосно реконструиран и претставен пред јавноста.

Поради дијаметарот од близу 90 метри, капацитетот за 7.600 гледачи и високиот степен на зачуваност, објектот се вбројува во редот на најзначајните и, секако, најграндиозните споменици на римската архитектура на територијата на Македонија.

Според надлежните во Министерството за култура, завршена е втората фаза од проектот за конзервација, реставрација и реконструкција на источната половина од гледалиштето.

“Реконструкцијата на сводовите е изведена со употреба на автентични материјали, како што е локалниот песочник откриен при истражувањата, и нов малтер врз база на вар. Во изминатиот период беа реконструирани вкупно 12 од 18-те оригинални редови на театарот, а целосното завршување на проектот се очекува во текот на 2015 година”, велат од Министерството.

Паралелно со конзервацијата се одвиваат и археолошки ископувања со што беа добиени значајни податоци за изградбата на објектот, за неговото функционирање во текот на 1. и 3. век, како и за подоцнежното користење на просторот откако театарот не бил во употреба.

Театарот престанал да функционира кон крајот на 4. век, по што започнало користењето на неговите ѕидови и коридори во рамките на новите доцноантички градби кои биле подигнати на овој простор.

Според податоците со кои се располага, театарот во Стоби започнал да се гради кон крајот на 1. век од н.е., но бил целосно завршен во првата половина на 2. век од н.е. Проектот за конзервација на театарот беше финансиран преку Годишната програма на Министерството за култура.

Текстот е превземен од Вечер.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>