«

»

Aug 12 2013

Рударски активности во Преспанскиот регион

Инспириран од делот во книгата “Брегалничкиот басен во римскиот и раниот средновековен период” од Звонко Белдедовски посветен на римските рударски активности во брегалничкиот регион (за што на блогот имаше и посебен пост), изминатите два-три дена решив да истражам малку за остатоците од рударски активности во Преспа, па еве што најдов:

1. Во околината на село Курбиново постојат два локалитети на кој се утвредени остатоци поврзани со рударството и тоа:

– во месноста Каштино, на околу 1,5 км источно од селото постојат остатоци од топена железна руда, а во непосредна близина се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Според наодите, најверојатно се работи за населба и топилница од доцноантичко време.

– во месноста Рекине,  на околу 3 км источно од селото, во подножјето на т.н. Голема Чука и во непосредна близина на изворот на Мала Река постојат грамади и жгура од топена железна руда што укажува на уште една топилница од доцноантичко време.

2. Во атарот на село Подмочани, во месноста Арапски Гробишта, која се наоѓа на околу 2 км североисточно од селото, се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, градежен материјал и жгура од топена железна руда. Наодите укажуваат на населба и топилница од доцноантичко време.

3. На околу 2 км северно од село Болно, во месноста Селиште, на мала височинка обрасната со густа шума, во непосредна близина на составот на реките Манастирска и Илинска, постојат темели од објекти, ѕидани со камен и кал, а по површината се среќаваат фрагменти од топена железна руда. Според пронајдените остатоци се заклучува дека се работи за средновековна населба и топилница.

4. Населба врз која што рударстовото имало најмногу влијание, дотаму што влијаело и врз нејзиното име, е селото Рудари кое денес се наоѓа во границите на нашиот јужен сосед. Имено, според преданијата на жителите, во минатото во месноста Клешкоа Плевна бил експлоатиран металот антимон. Покрај тоа, на 1 км источно од селото во месноста Кале (позната и како Кула) постојат урнатини од средновековна крепост и жгура од топена руда.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>