«

»

Jan 23 2015

Се одржа конференцијата за најновите научни методи во археологијата

Најнови технологии поврзани со археолошките ископувања кои не се практикуваат многу во нашите систематски археолошки истражувања и примената на геофизичките, хемиските, палеоботаничките, археометриските, математичките и археозоолошките методи беа презентирани денеска на меѓународната конференција „Еден чекор понатаму: Мултидисциплинарен пристап во археологијата“, што се одржа денеска во НУ Археолошки музеј на Македонија.

10943903_1610637655823748_6654478860125665766_n

Учествуваа голем број истражувачи од Карловиот универзитет, Универзитетот на Јужна Бохемија, Универзитетот во Хајделберг, како и од Природно-математичкиот факултет од Скопје, НУ Археолошкиот музеј на Македонија, Музејот на Град Скопје и Универзитетот „Евро Балкан“.

Директорката на НУ Археолошки музеј на Македонија, Весела Честоева изјави дека конференцијата за Археолошкиот музеј е значајна во поглед и на афирмацијата со оглед на тоа дека во таа институција освен презентацијата на археолошкото културно наследство во Република Македонија се работи и во другите сегменти пред се во едукативниот дел каде сакаат да ги презентираат најновите методи и технологии кои светот веќе со години ги работи, а за кои нашите археолози досега немале некои посебни контакти во тој дел.

– Мислам дека ова многу ќе помогне за да можат да се разработат овие нови технологии, велам нови технологии, бидејќи тоа е сепак поврзано со некои истражувања кои чешките археолози подолго време ги применуваат во нивните археолошки истражувања, мислам на палеоботаничките, геофизика, астрофизика, математички методологии кои ќе ни користат понатаму во археолошките истражувања на повеќе локалитети, рече Честоева.

Беа претставени разни истражувања вршени на повеќе локалитети во Чешка, Србија, Турција и Македонија, од каде се добиени сосема нови податоци за формите на растенија и храна, видовите животни, природната околина, мерните единици и хемиските својства на керамичките предмети.

– Меѓународната конференција се одржува во рамки на добрата меѓународна соработка која Археолошкиот музеј ја воспостави со Чешката амбасада, дел е од културната соработка меѓу чешките и македонските археолози и на некој начин сублимат на она што изминатата година се работеше на повеќе археолошки локалитети во Македонија и во Чешка, додаде Честоева.

М-р Анета Фидановска, единствен археозоолог во Македонија имаше излагање во делот на археозоологијата.

Предвидено е резултатите од истражувањата и конференцијата да бидат публикувани во неколку меѓународни научни списанија. На тој начин ќе се презентираат придобивките на новите археолошки методи и меѓународната соработка, а воедно ќе се истакнат и специфичните обележја на предисториското културно наследство од Македонија.

Текстот е превземен од Канал 5.

Фото: Археолошки музеј на Македонија.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>