«

»

Jun 25 2014

Сензационално откритие на локалитетот Стибера: Објект на државно собрание

Новооткриениот објект на локалитетот Стибера, кај Чепигово, според првичните информации на д-р Виктор Лилчиќ е првото државно собрание на територијата на Македонија.

stibera 2014 111

Оваа констатација произлегува од фактот што во ископувањата што ги врши екипа на прилепскиот Музеј предводена од археологот Душко Темелкоски, е пронајден пишуван споменик со кој јасно се дефинира објектот.

– Мислиме дека се работи за објект – булевтерион, односно собрание, кој функционирал во ран период, т.е од први до трети век наша ера – ни изјави  Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Овој објект заедно со другите новооткриени фрлаат нова светлина за локалитетот Стибера, кој заради овие причини стана капитален проект на државата.

Текстот е превземен од Нова Македонија.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>