«

»

Feb 17 2015

Сите тајни на Плаошник пред јавноста до 2018

Музејот на Плаошник, во кој ќе бидат сместени сите предмети откриени при повеќегодишните археолошки истражувања на овој простор, интензивно се гради, а се наоѓа во завршна фаза на карабина.

site-tajni-na-plaoshnik-pred-javnosta-do-2018-229944

На Плаошник во Охрид интензивно се гради во рамките на капиталниот проект за возобновување на „Светиклиментовиот универзитет”.</p><p>Според Тања Паскали-Бунташеска, директорка на Заводот и музеј во Охрид, поголемиот дел од планираните објекти во рамките на проектот се во завршна фаза на изградба на карабина, градежните работи се одвиваат според планираното, а целиот проект со сите артефакти кои зборуваат за историјата на Плаошник, ќе бидат претставени пред македонската јавност до крајот на 2018 година.

“Во моментот на Плаошник се градат Резиденцијалниот објект на Македонската православна црква, чијашто карабина е завршена, а пред крај на изградба на карабина се и Манастирскиот конак, Центарот за хуманистички науки и Светиклиментовата библиотека. Задоволна сум од динамиката со која се изведуваат градежните активности, а крајниот предвиден рок за заокружување на проектот е крајот на 2018 година”, вели Паскали-Бунташеска.

Според надлежните во Музејот најголемиот дел од истражувањата на Плаошник се завршени, а останале да се доистражат само пристапните патишта, на кои во моментот се врши дотур на материјали, односно оние делови преку кои се врши целосната комуникација со просторот.

Она што секако ќе привлече големо внимание кај јавноста е токму Музејот на Плаошник, објект кој е во ек на изградбата, а во кој ќе бидат сместени сите предмети од повеќегодишните археолошки истражувања на овој простор.

site-tajni-na-plaoshnik-pred-javnosta-do-2018-229940

“Музејот ќе има посебен простор во кој ќе бидат сместени епиграфските споменици, и старите ракописи пронајдени на овој простор. Објектот ќе содржи и галерија за изложби кои ќе се организираат во рамките на Музејот, музејска продавница во која ќе се продаваат сувенири, како и музејско бифе. Исто така дел од Музејот ќе бидат и депоата, просторијата за конзерваторски работи и канцелариите за вработените”, објаснува Бунташеска.

Што ќе содржи постојаната поставка, пак, во моментот вели, не може да конкретизира бидејќи содржината дополнително ќе се договара.

Дел од комплексот на Плаошник е и „Богословскиот факултет” кој според Бунташеска за разлика од останатите е во почетна фаза на изградба.

Останува јавноста во Македонија, но и странците да ја дочекаат 2018 година и да се запознаат со богатата историја на “Светиклиментовиот универзитет”.

Автор: Д.Т.

Текстот е превземен од Вечер.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>