«

»

Jul 15 2015

Словенските опсади на Солун – 1 дел

Во овој серијал ќе се осврнеме на борбите на македонските словенски племиња против Византија – нивните опсади на Солун опишани во “Чудата на Свети Димитрија Солунски”.

“Чудата на Свети Димитрија Солунски” е дело составено од повеќе писатели. Првиот дел од “Чудата…” го напишал солунскиот архиепископ Јован, кој живеел кон крајот на 6 и почетокот на 7 век, а во времето од 610-640 го држел архиепископското место во Солун. Вториот дел го пишувал анонимен писател кон средината на 7 век, а третиот дел е пишуван во 10 век.

Првата одломка од “Чудесата..” на која ќе се осврнеме во овој текст се однесува на опсадата на Солун од 586 година, која траела 7 дена и завршила без успех на напаѓачите. Во ова опсада, покрај Словените, учествувале и Аварите.

Тоа била најголема војска, о мили мои, што се има видено во наше време, зашто некои сметале за повеќе од 100 000 вооружени луѓе, некои помалку, а некои и многу повеќе; вистината не се најде заради големиот број, а мненијата на очевидците беа поделени.

slovenska opsada na solun 2

Сме ја виделе новата Ксерксова војска или војската на Етиопијците и Либијците зготвена порано против Јудеите. Чувме дека пресушиле реките и изворите при кои тече, правејќи табори, сеа беа сместиле и сета земја низ која поминале ја направиле, спроти зборот на пророкот, како дол на уништението. И на ова вакво огромно мнозинство му било наредено да го помине патот со таква брзина што не можевме да разбереме за нивното идење само до на ден пред тоа. Во неделата беа јавиле за нив, на 22 септември, а граѓаните беа во недоумница дали по четири или дури по пет дена ќе стасаат ваму, та затоа и немарно се однесувале кон својата заштита, кога баш во втората ноќ по саботата, во зората, без вревење стасаа до градските ѕидини. И наеднаш првата помош на преславниот маченик Димитрија беше да ги засени таа ноќ, та се задржале неколку часа околу тврдината на победителката меченица Матрона, сметајќи дека е тука градот. А кога најодзади Деницата засвети и тие видоа дека е градот близу, се нафрлиле на него еднодушно како што лав се нафрла и рика. Потоа ги потпреа на ѕидот скалите што беа зготвени однапред и донесени, зашто нивните војници беа се опитале да се качат, но тогаш се случили и славно и големо чудо на светиот добитник. Не беше тоа само помош духовна, туку се појави на дело кога се покажа на ѕидот во форма на војник. Првиот што се качувал по скалата и зачекорувал со десната нога на ѕид, го удирал со копје меѓу двата тидни заклони и мртов го тунал назад, а овој превртувајќи се на скалите ги повлекол оние зад себе си.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>