«

»

Jul 20 2015

Словенските опсади на Солун – 2 дел

Во првиот дел беше пренесена одломка од ‘Чудата на Свети Димитрија Солунски’ која се однесуваше на опсадата на Солун во 586 година. Во овој пост ќе се осврнеме на описот на словенската опсада на Солун во 615 година, предводена од славниот словенски водач Хацон.

hacon spomenik skopje

Споменик на Хацон во Скопје

Во време на епископувањето на Јован, благ споменот да му биде, се крена народот на Склавините, неизмерно мнозинство составено од Драговити, Сагудати, Велегезити, Вајунити, Берзити и други племиња. Кога првин дошле на помисла да зготват чунови издлабени од едно дрво, војнички ги наоружале на море и ја ограбиле сета Тесалија и островите околу неа и Хелада, дури и Кикладските острови и цела Ахаја, Епир и најголемиот дел од Илирик и дел од Азија. Испустиле поголем број градови и околии и еднодушно решиле да го нападнат и овој наш спомнат христољубив град и да го ограбат како и другите. Штом се согласиле во оваа работа, откако направиле неброени чунови издлабени од едно дрво, се улогориле од кај морската страна. А другото непрегледно мнозинство заседнало од кај исток, север и југ и од сите страни околу овој од бога утвредн град, носејќи ги со себе своите фамилии и нивната покуќнина. По заземањето требало да се сместат овие во градот… Кога се наредиле сите племиња на Склавините, за да нападнат еднодушно и ненадејно на ѕидот, Склавините што биле во чуновите се сетиле да ги покријат (чуновите) озгора со штици и кожи за кога ќе почнат да напаѓаат на ѕидот, да ги запазат неранети веслачите и камњата и стрелите што ќе ги фрлат на нив оние на ѕидовите. И наеднаш уште отпрвин ги фати стравот, по високата одлука преку маченикот, та не трганле наднаш право на градот, туку кон едно место во форма на залив каде се наоѓало некое пристаниште што од старо време се викало Келарија.

slovenska opsada na solun 615 1

За тоа време солунчаните се готвеле брзо за одбрана, правејќи разни спреми и орудија за да го сметат или задржат непријателот.

Четвртиот ден кога се појавиле Деницата сто варварско племе еднодушно викајќи од сите страни се нафрли градскиот ѕид; едно фрлајќи камења од направи погодни за тоа, други клавајќи ги скалите на ѕидот се обидоа да нападнат, трети носејќи оган на вратите, а некои пак фрлаа стрели на ѕидовите како зимски бели снежинки. Беше тоа необична работа за гледање: како градоносен облак многуте стрели ги засенуваа сончевите зраци и го потемнуваа воздухот заради овие стрели и фрлање на камењата. По време на овој и ваквиот јуриш оние од најсмелите од варварската флота и најхрабрите на јуришот со чуновите се доближија кон оние места што ги беа испитувале; едни од кулата западно од скалите каде е и споредната врата за излегување, а други спрема неутврдената страна каде биле рововите и некои војнички справи скриени, викани тили; се надевале овие дека ќе успеат тука да се проврат, не знаејќи за ваквите справи; а другите сметајќи дека е мала пречка вратата и дека ќе ја скршат и низ неа да го заземат градот… Не по природниот закон туку со помошта на маченикот станало општо трагање за чуновите и нафрлање едни на други; некои од се превртија, а Склавините што беа во нив испаѓаа. Паднатиот во вода, сакајќи да се спаси на друг чун, фаќајќи се го превртувал, а оние внатре што биле ги превртувал в море… Водачот на Склавините, Хацон, побара според нивниот обичај да знае од божеството дали да влезе во нашиов од Бога пазен град; и доби потврден одговор, но не му се кажа како; најодзади како со овој одговор што му беше даден имаше во изглед одлиќна надеж тој побрза наеднаш со својата смелост кон својата пропаст.

slovenska opsada na solun 1

За време на преговори, Хацон бил убиен од Солунчаните кои пред тоа му дале збор дека нема ништо да му направат. Налутени, словенските племиња се обрнале кон Аварскиот Каган во Панонија за помош, ветувајќи му голем плен. Но, и овој заеднички напад на здружените Авари и Словени во 617 години, кој треал 33 дена, не успеал. Аварите стапиле во преговори со Солунчаните, за по добиено злато да го прекинат нападот и да заминат. Пред тоа ги запалиле сите цркви во околината на градот. И Словените се повлекле, претходно продавајќи им ги заробениците на Солунчаните.

Помеѓу Солунчаните и околните словенски племиња ќе владее мир се’ до 674 година.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>